Таг архива: лозје

„Лозје“ од Блаже Конески

Јазикот е нашата татковина“, велеше Блаже Конески. На триесетгодишнината од неговата смрт, од домашниот библиотечен трезор го читаме расказот од истоимената збирка на Конески. Многумина го перцепираат пред се’ како поет (13 збирки поезија), и со право, но тој бил и одличен прозаист и има напишано сјајни раскази, а токму „Лозје“ е оној антологискиот, првообјавениот, во 1955 година.

Во својата прва збирка раскази „Лозје“, познатиот поет Блаже Конески и’ се претставува на нашата читателска публика и како прозен писател. Мотивите што се обработени во оваа збирка ја откриваат несомнената авторова дарба преку сугестивен уметнички збор да ни ја открива животната стварност, а многу страници претставуваат вистински поетски текст“, е запишано на првиот капак на корицата од книгата, во издание на книгоиздателството “Кочо Рацин” од Скопје.

Читај повеќе