Првата асоцијација кога ќе се спомене португалската литература е Нобеловецот Жозе Сарамаго. Човекот кој доживеа длабока старост постојано пишувајќи прекрасни дела кои го воодушевија светот и ја претставија Португалија од сосема поинаков агол, сосема заслужено, по неговата смрт, доби книжевна награда која го носи неговото име. Токму таа награда неодамна ја доби и младиот португалски писател Бруно В. Амарал, истовремено добивајќи го и признанието за еден од десетте „Нови книжевни гласови на Европа“ за 2016 година. Овој талентиран момак во сабота го имаме во Скопје, а повод е преводот на неговиот дебитантски роман „Првобитните нешта“, кој да звучи милозвучно од португалски на македонски јазик, сесрдно се потруди Наташа Сарџоска. И не само тоа. Ова е негов прв превод воопшто во светот.

