Холивуд на крајот од годината редовно нуди по некој спектакл на големото платно. На крајот од оваа, 2023 година, честа и‘ припадна на старо-новата приказна за една од најмаркантните историски фигури во минатото, Наполеон Бонапарта. Има неколку интересни работи за кои може да се држиме во овој проект, а во текстот ќе се занимаваме со три од нив: првиот, истоимен филм во филмската историја од 1927 година, изборот на Оскаровецот Жоакин Феникс за улогата на францускиот војсководец, и секако, актуелната (доцна) фаза од творештвото на режисерот Ридли Скот. Читањето на текстот нема да трае два ипол часа, колку што трае филмот, но бара внимателно исчитување 😉
Читај повеќеТаг архива: скот
Буквар за гангстери
На последното издание на фестивалот „Браќа Манаки“, еден од угледните гости во Битола беше и познатиот холивудски продуцент Бранко Лустиг. Хрватот со американски пасош се прослави по соработката со Стивен Спилберг на „Шиндлеровата листа“, по што следеа неколку интересни проекти, од кои најдобро помина „Гладијатор“ на Ридли Скот. Соработката со режисерот продолжи и во следните неколку остварувања, и токму затоа Лустиг беше најповикан да каже збор-два за човекот зад култниот филм „Блејдранер“. Почитувајќи го нивното големо пријателство, продуцентот, крајно искрено, го опиша Скот како еден од оние филмаџии кои во секој момент сакаат да бидат во центарот на вниманието имајќи мегапроект во ракавот, бидејќи паузата од еден до друг негов успешен филм знае да биде прилично голема. Токму затоа Скот сака до крајот на кариерата постојано да биде зафатен со снимање на филмови за кои публиката ќе зборува. Во последниве месеци еден од тие наслови е „Американски гангстер“, блокбастер кој на едно место собра ѕвездена актерска екипа, со очигледна нагласеност на повторната соработка на режисерот со Расел Кроу по „Гладијатор“, како и со Дензел Вашингтон по филмот „Дежа ви“.
Читај повеќеКон музиката за филмот „Hannibal“ на Hans Zimmer
Ова парче 54-минутна музика за филмот „Ханибал“ на Ридли Скот го потпиша еден од најпочитуваните композитори во филмската индустрија, Германецот Ханс Цимер. Неговата епопеја започна во средината на 80-те, кога заедно со Дејвид Брн и Ричи Сакамото ја направи музиката за култниот филм „Последниот кинески цар“ на Бернардо Бертолучи, која им донесе и неколку награди, но се чини дека почетоците на компонирање на музика за филм истовремено беа и достигнување на врвот на креативноста за Цимер, па останатите саундтраци беа само повторување на добро познатата формула (Црн дожд, Дождливиот човек, Возејќи ја г-ца Дејзи…).
Читај повеќе