Британски работник бил навредуван поради својата ќелавост за време на расправија со колега на работното место, при што му била упатувана и закана. Судот оценил дека навредата била понижувачка и поврзана со полот, бидејќи ќелавоста е многу почеста кај мажите. Сепак, тоа не значи дека секое „ќелав“ е причина за тужба. Важни се контекстот, намерата и начинот на кој е кажано.

Според балканската правна пракса:
„Ќелав мој“ од партнерката – љубов.
„Ќелав“ од кумот – прекар што го носите од трето одделение.
„Ќелав“ од шефот среде расправија, плус закани – се гледаме на суд.
А ако фризерот ви каже: „Исто како минатиот пат?“ – тоа веќе е стручно вештачење.
Заклучок на „експертите“: На Балканот отсега не се вели „ќелав“, туку „господине со панорамски кров“. ![]()
@позајмено од vrabotuvanje.com
