„Зашеметен“ од Лукас Берфус

Деновиве излезе нов наслов во популарната едиција „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ. По издавањето на неговиот деби роман „Сто дена“ во 2011 година, делото на Лукас Берфус повторно пред македонските читатели, благодарение на преводот од германски на македонски јазик на Ксенија Чочкова. Овој наградуван швајцарски писател не престанува да ја воодушевува европската публика со своите драми, романи, есеи… Неговите драми се играат насекаде низ светот, а романите му се преведени на повеќе од дваесет јазици. Со „Зашеметен“ беше финалист за Наградата за најдобар роман на Лајпцишкиот саем на книгата.

За интригантниот краток роман, критичарите потенцираа:

Зашеметен е мајсторско дело што не ја крие Ахиловата пета: Тоа е естетско суверен, но и ранлив портрет на човекот на прагот од епохата“. Мајк Фесман, Зидојче цајтунг

„Берфус пишува роман за едно време во кое извесноста се рони, а иритациите растат“. Карин Гросман, Зексише цајтунг

„Само романите што многу ризикуваат се вистински литературни доживувања. А Зашеметен Е литературно доживување“. Филип Тајсон, НЦЦ 

ИЛИ-ИЛИ, Ваше право на добра КНИГА

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *