Конечно, скопските графити скоцкани во прекрасно книже насловено „(До)Живеј го Скопје“

Да, да, конечно сето она што со години наназад го архивирав, а беше создадено од скопските графити мудреци и уметници, ќе ја види светлината на денот благодарение на книгата насловена „(До)Живеј го Скопје“. Главен „виновник“ за нејзиното излегување е Матеј Богдановски, кој откако по којзнае кој пат постирав пар графити на ФБ, ми пиша дека и тој го прави истото со години, и се согласивме дека мораме да ги споиме архивите и дека од ваквите заеднички соработки можат да произлезат само убави нешта. Така и се случи.

До 08 април трае кампањата во ракмите на која со купен ваучер во книжарницата ИЛИ-ИЛИ, која е и издавач на книгата, ја набавувате истата по промотивна цена од 400 денари, и истовремено, како претплатници, сесрдно помагате во нејзиното печатење.

За тоа како дошло до идејата и реализацијата на ова автентично и симпатично книжуле, кое авторите сметаат дека треба да го има секој жител на метрополата во својата библиотека, можете повеќе да прочитате на следниот линк:

Книгата веќе предизвика одличен интерес, и за неа можете да прочитате напис и на англиски јазик, за кој авторите се надеваат дека ќе предизвика интерес и кај туристите кои го посетуваат нашиот град:

https://www.skopje.in/post/the-skopje-graffiti-scene-is-developing-rapidly-new-graffiti-collection-to-be-released-soon?fbclid=IwAR1Wq6p2BB7wDVMGrbGRPspPvLADA_fmTlPYA2I8AFwEyZtqBXtcKYW-N5c

Излегувањето на книгата е најавено за 10 април, датум по кој графити-книгата ќе се продава по редовна цена од 550 денари, исклучиво во ИЛИ-ИЛИ.

Набавете го својот драгоцен графити-примерок навреме 😉

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *