„Двојна експозиција“ е книга на месецот во библиотеката „Браќа Миладиновци“

Во рамките на кампањата „Читаме современи македонски автори“ која библиотеката „Браќа Миладиновци“ ја започна минатата есен, „Книга на месецот“ овој април, на мое големо задоволство, е збирката раскази „Двојна експозиција“. По тој повод, во вторник, на 04 април од 19 часот, во спомен собата „Т’га за југ“ на Миладиновци, Александра Јуруковска ќе разговара со мојата маленкост по повод актуелното прозно дело. По септемвриската промоција на книгата, ова е нејзино второ претставување пред читателската публика.

Кон крајот на месецот, пак, во рамките на „Клубот на читатели“, токму читателите ќе се соберат и ќе разговараат за расказите од „Двојна експозиција“, кои наидоа на одличен прием и кај книжевните критичари.

Срдечно Ве поканувам да бидете дел од овие настани, кои благодарение на активностите на библиотеката „Браќа Миладиновци“, ги доближуваат книгите на македонските писатели до пошироката публика.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *