Архива за месец: ноември 2006

Иги Поп во „Мезанин“

По повод гостувањето на мадрфакин Иги Поп во нашиот град, на осмото издание на „Таксират“, заслужена посвета на still alive пункерот. Пред тоа, фино загревање со актуелни музики 😉

Читај повеќе

„Тиндерстикс“ во Мезанин

Во меѓупросторот на Радио Равел оваа среда од 22 до полноќ, господата од Тиндерстикс! Загревање – Д Кјур 😉

Читај повеќе

„Лембчоп“ во Мезанин

Новиот албум на хероите од Нешвил насловен „Damaged“, во целост, на задоволство на фановите на магазинот. Загревање со Тиндерстикс 😉

Читај повеќе

Medley „Мезанин“

Пресек на актуелните музики презентирани во претходните изданија на емисијата – Том Јорк, Нил Јанг, Соник Јут, Ајуо/Хироми…

Читај повеќе

„Кротки приказни“, промоција

Текстот со кој настапи промоторката Оливера Ќорвезироска на промоцијата на деби книгата „Кротки приказни“ во ИЛИ-ИЛИ, во тогашниот Центар за култура „Мала станица“:

Првпат кога ги прочитав расказите на Игор Анѓелков, беа КРАТКИ, вторпат – КРОТКИ. Патот од КРАТКИ до КРОТКИ во овој случај беше пат од ракопис до книга, од A до O, од неутралнa дескрипција до поетичка ознака – досетлива, но и функционална и, што е особено важно, соодветна на она што стои зад неа – дваесетината раскази кои почнуваат со број, завршуваат со наслов – непретенциозен, најчесто еднозборен (од 22 расказa сосе нултиот, 4 наслови имаат по два збора, или 5,5 % се двозборно насловени, а  94,5 % имаат еден збор за наслов). Целава оваа математика е тотално непотребна, се разбира, но животот и онака се храни со непотребности, па зошто не би и понудиле малку непотребност и на промоција :-).

Почнувам со навидум бессмислената еволуција на А во О, затоа што ја читам како еволуција сама по себе, како отстојување понекогаш неопходно за вистинскиот вкус. Да се здуши тестото на зборот. Дефинитивно, вистинскиот вкус на расказите на Игор Анѓелков е повеќе кроток и питом, отколку краток и кус.

Читај повеќе

„Кротки приказни“, најава

Што прави сосема гола жена среде бел ден пред хотелот “Александар Палас”? Зошто долгогодишниот пријател на авторот мистериозно решил сосема да ја прекине комуникацијата со него? Дали лицата на стрип-цртачите потсетуваат на лицата на оние палави деца што му ги крадеа стриповите на авторот кога беше дете? Дали почитувањето на црвеното светло на семафорот ја одредува понатамошната судбина на човекот?

Читај повеќе

„Ayuо/Ohta Hiromi“ во Мезанин

Во вечерашното издание музички одиме на далечниот Исток. Дуото од насловот издаде прекрасен современ албум насловен „Red moon“, зачинет со сите традиционални примеси на Ориентот.

Читај повеќе