Легендарниот дарк-вејв бенд со нов материјал во меѓупросторот на Радио Равел, но и Телевижн и Бернајс пропаганда. Внимавајте – добра музика!

Легендарниот дарк-вејв бенд со нов материјал во меѓупросторот на Радио Равел, но и Телевижн и Бернајс пропаганда. Внимавајте – добра музика!
Повторно францускиот кавер бенд во фокус на меѓупросторот на Радио Равел. Пред тоа, малку актуелна мкд музика 😉
Медли емисија со информации за случувањата на скопската концертна сцена, и секако, еден куп добри музики.
Покрај сиот гламур кој од 14 до 25 мај беше присутен на 61 издание на Канскиот филмски фестивал, на кој вообичаено најголем интерес предизвикуваат филмовите во официјалната селекција за наградите, особен интерес имаше и за придружните настани, не помалку интересни од симпатичните пушачки испади на јавни места на претседателот на годинашното жири, Шон Пен. На специјалните настани веќе неколку години наназад гостуваат значајни имиња кои имаат што да понудат и кажат, поместувајќи ја филмската уметност напред, кон иднината.
Бристолските трип-хоп херои во меѓупросторот на Радио Равел, aктуелни со третиот албум едноставно насловен „Third“.
Едно од највпечатливите остварувања прикажани на 11 издание на СФФ дефинитивно беше „Ноќна стража“ на култниот британски режисер Питер Гринавеј. Стариот пријател на фестивалот пред неколку години во Скопје, преку одлично предавање во кое филмот го прогласи за мртов, ја најави својата нова, постмодерна фаза на дејствување, која тогаш ја заокружи со проекцијата на триделниот филм „Куферите на Тулс Лупер“. За среќа, по тој експеримент, Гринавеј се враќа на своја територија, снимајќи филм во кој, како и во неговите претходни остварувања од 80-те и 90-те години, на суптилен начин ги поврзува моќните визуелни уметности – сликарството и филмот. Впрочем, тоа воопшто и не зачудува, затоа што Гринавеј по вокација е сликар кој паралелно снима филмови и поставува изложби во најпрестижните музеи и галерии низ светот.