Архива за месец: јули 2021

Мене ми е вам да ви е убо

По повод јубилејот „30 години Стотројка“, синоќа во Куршумли Ан се одржа концертот на Крсте Роџевски, како дел од серијата настапи во живо кои во следниот период ги најавува ова култно скопско радио, кое се’ уште се бори за својата фреквенција. Насловен „На само со Крсте Роџевски“, околу 150-те среќници во публиката имаа можност во веројатно најубавиот (концертен) простор во метрополата да уживаат во акустичната виртуозност на њујоршкиот психијатар со битолски корени, кој елегантно не’ прошета низ материјалот од неговите четири прекрасни албуми.

Читај повеќе

„Интермецо“ во „Нова машина“

Повеќето од нас се сеќаваат кога ЈРТ правеше пауза во програмата, на еден телоп беше испишано „Интермецо“ и одеше музика до следната програмска содржина. Деновиве се интермецо од летните горештини. Всушност, најбитните работи се случуваат во „интермецата“ од нашите животи, а не во она рутинско секојдневие.

Во магазинот „Нова машина“, кој најчесто ја третираше алтернативната македонска музичка сцена, во просторот помеѓу, во една фина меѓу-рубрика едноставно наречена „Интермецо“, успевав да провлечам триминутни клипчиња, колку што отрпилика е времетраењето на една песна, како оддишка од „сериозните“ музички теми. Во архивата сум успеал да зачувам еден од нив, во кој можете да видите многу карактеристични „скопски ситуации“: љубење крај Вардар, кучиња скитници, шмекање во парк, комарџии под мост, рибари денгубџии и уште еден куп драгоцености.

Читај повеќе

А Place To Be – Кочани!

Минатиот викенд градот Кочани во источна Македонија беше „местото каде треба да се биде“, затоа што понуди програма за сите сетила. Добро е кога малите општини низ државава ќе покажат чувство за вистинска културна понуда и со тоа ќе ги  анимираат не само сопствените граѓани, туку ќе привлечат публика и од другите градови.

Читај повеќе

Кон „Пророчка ноќ“ од Пол Остер

Кога ненадејно добив понуда да препорачам книга, бев некаде на половината од најновиот роман на Пол Остер, „Пророчка ноќ“. Токму таквите околности ја забрзаа мојата љубопитност да откријам што ќе се случи до крајот на ова читачко патување, затоа што вообичаено кога ги читам книгите на овој писател, се движам бавно и медитативно низ страните, бидејќи има толку многу за голтање. Сепак, обврската не ја намали жестината со која влегов во слатка борба со зборовите до последната страница. Напротив, желбата за станување дел од новата приказна на Остер стануваше се’ поголема, за да кулминира на крајот, кога приказната се превртува на глава, на некој начин, објаснувајќи ја заблудата со која сме живееле дотогаш, но впелткувајќи не’ во нова ујдурма, која ќе се разреши некаде таму, во иднина, во некој негов следен роман.

Читај повеќе

Mајсторовиот потпис на Алфред Хичкок

Појавувањето на режисерите во своите филмови барем за момент во некоја, условно, безначајна сцена, се практикува и ден-денес, некогаш повеќе, некогаш помалку успешно, a најчесто тоа изгледа дури и смешно и непотребно. Оваа „камео-играчка“ ја патентираше легендарниот Алфред Хичкок, кој истата ја донесе до совршенство, појавувајќи се во четириесет и едно свое остварување. Приказната започнала за време на снимањето на филмот „Станар“, кога Хичкок забележал дека на сцената има малку луѓе. Наместо да ги чека новите статисти, тој накратко самиот застанал пред камерите, и оттогаш започнала традицијата на неговите појавувања во сопствените филмови. Публиката очекувала да го види, барем за миг, и се обидувала да го „улови“ на проекциите на сите негови остварувања. Работата на крајот отишла толку далеку што Хичкок морал да се појавува уште во првите минути од филмот бидејќи публиката го занемарувала дејствието очекувајќи го појавувањето на „мајсторот“.

Читај повеќе

Tank Warning Net во „Нова машина“

Едно од посебните задоволства е кога ќе се посети одреден бенд за време на нивната проба во подрумот или гаражата каде вежбаат за следниот настап. Тазе вратени од свирка на хард-кор фестивал во слободарската Пула, ги посетив Tank Warning Net во нивната тогашна база, еден тесен подрум во центарот на Скопје, и си направивме вообичаен free-style муабет за сите работи кои момците ги тангираа во моментот.

Читај повеќе