Таг архива: книжевност

2 април, Меѓународен ден на книгите за деца

По повод роденденот на славниот дански писател Ханс Кристијан Андерсен (1805-1875), на 2 април се прославува Меѓународниот ден на книгите за деца. Оваа година пораката стигнува од Јапонија, а насловот е „Преку морето на крилјата на фантазијата“, а авторка е Еико Кадоно, познатата јапонска писателка, добитничка на наградата „Х. К. Андресен“ за 2018 година. Ликовното решение на постерот е на популарната јапонска уметница Нана Фурија.

Читај повеќе

Кон „Пророчка ноќ“ од Пол Остер

Кога ненадејно добив понуда да препорачам книга, бев некаде на половината од најновиот роман на Пол Остер, „Пророчка ноќ“. Токму таквите околности ја забрзаа мојата љубопитност да откријам што ќе се случи до крајот на ова читачко патување, затоа што вообичаено кога ги читам книгите на овој писател, се движам бавно и медитативно низ страните, бидејќи има толку многу за голтање. Сепак, обврската не ја намали жестината со која влегов во слатка борба со зборовите до последната страница. Напротив, желбата за станување дел од новата приказна на Остер стануваше се’ поголема, за да кулминира на крајот, кога приказната се превртува на глава, на некој начин, објаснувајќи ја заблудата со која сме живееле дотогаш, но впелткувајќи не’ во нова ујдурма, која ќе се разреши некаде таму, во иднина, во некој негов следен роман.

Читај повеќе

„Облици на моќ во современата книжевност“ од Калина Малеска

Денес од печат излегува новата книга на Калина Малеска насловена „Облици на моќ во современата книжевност“. По збирката раскази “Мојот непријател Итар Пејо“ (2016) и книгата за деца „Арно ама“ (2018), ова е трета книга на Малеска во издание на ИЛИ-ИЛИ, овој пат како дел од истоимената есеистичка едиција.

Читај повеќе

Приказни за генијалноста и лудилото

Екранизација на животите на славните писатели

Веќе со децении вообичаена практика во седмата уметност е да се екранизираат животите на славните личности, бидејќи публиката секогаш ужива во такви приказни, што, откако ќе бидат ставени на целулоидната лента, стануваат повистинити отколку што навистина се. Но, филмот е магија што може да си го дозволи тоа и во овој текст ви претставуваме еден куп наслови поврзани со животите на секогаш непредвидливите и инспиративни писател(к)и, кои во минатото ни подарија едно чудо прекрасни приказни.

Кои се најконтроверзните писатели во минатиот век, кои со својот боемски живот влегоа во легендите? Токму со филмските приказни за развратниот живот на бонвиваните Хенри Милер и Чарлс Буковски ќе го почнеме овој преглед. Долго време требаше за да излезе првиот филм за славниот Буковски, поточно за неговото алтер-его Хенри Кинаски, маестрално одигран од Мики Рурк. „Барска мушичка“ (1987) е насловот што го потпиша режисерот Барбет Шредер, со што се подотворија вратите на Холивуд за уште некоја екранизација на делата на стариот расипаник. Сепак, дури пред некоја година филмаџиите нè почестија со „Фактотум“ (2005), во кој стариот пес Хенк овој пат го игра Мет Дилон, под режисерската палка на Бент Хамер.

Читај повеќе