50 роденден на МКЦ

Денеска „Младинскиот културен центар“, поранешен „Дом на млади – 25 мај“, го слави 50 роденден. Како двегодишен постар брат, преку неговата дејност и програма градот го доживував на поинаков начин, учејќи многу нови работи. Како градска институција која неретко служела и за политички поткусурувања и партиски вработувања, сепак, на крајот секогаш успевала да задржи здраво ткиво на квалитетни луѓе кои низ децениите ги организирале најавангардните настани од различни области на културата во метрополата.

Пред неколку месеци Бојан Шашевски направи добар сублимат по повод јубилејот во текстот објавен на Радио МОФ, каде моите редови посветени на МКЦ се следните:

„МКЦ е платформа која ако не постоеше, се’ ќе беше поинаку, бидејќи одамна ќе бевме поклопени од агресивниот балкански турбо-фолк шарм. Во МКЦ пораснаа многу генерации од кои потоа се профилираа значајни култур-трегери кои впиваа и се надоградуваа од алтернативната култура, било да се работи за музика, театар, танц изложби, перформанси… особено во поранешните децении, но и ден-денес. Затоа, ако МКЦ не постоеше, ќе требаше да го измислиме, со намисла за поубаво живеење во овој наш „проклето“ здодевен град“.

Честит роденден, со нови сили во нови победи, и да остариме заедно, млади во срцето!

(Во прилог зачувани концертни билети одржани во МКЦ во последните 3 децении)

#50годмкц

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *