„Аладин и волшебната ламба“ на „Бродвеј јуниор“ во МКЦ

Синоќа во киното „Фросина“ во МКЦ се случи претпремиерата на мјузиклот за деца и младинци „Аладин и волшебната ламба“ во изведба на екипата од „Бродвеј јуниор“, под супервизија на Наташа Јанкова и Радо Алексовски.

Премиерата на преставата ќе се случи вечерва на истото место од 19 часот, во рамките на Фестивалот на детски мјузикли – Скопје 2025! „Аладин“ се изведува во препев на македонски јазик, а утревечер во рамките на фестивалот ќе се изведе мјузиклот „Убавицата и ѕверот“ на англиски јазик.

Срдечна препорака за родителите и нивните деца да си поминат убави заеднички моменти пред завршувањето на училишната година 😉

По минатогодишниот мјузикл “Приказната за генијалната Матилда”, Дизниевиот “Аладин” е уште едно пријатно изненадување од работилницата на “Бродвеј јуниор”, особено поради тоа што мјузиклот како жанр перфектно комуницира со младата публика, а кој кај нас, за жал, е ретко застапен на театарските сцени.