Три документарни филма

Во понеделник, на 14 септември, во рамките на проектот „Македонски филм. На големот платно“, во салата 5 во „Синеплекс“ од 19 часот публиката ќе биде во можност да види три современи документарни филмови од домашни автор(к)и. Влезот, се разбира, е слободен.

▪︎ „Шивачките“ | Билјана Гарванлиева

По успесите со „Девојчето што свири на хармоника“ и „Девојчето што бере тутун“, Билјана Гарванлиева го сними прекрасниот и ангажиран документарен филм за штипските шивачки, кој го освои „Срцето на Сараево“ во 2010 година, со што авторката се наметна како еден од најсилните гласови на европската креативна документаристика. Приказната за Ерилеа, Бети и Весна, кои макотрпно се борат за својата егзистенција, никого не остава рамнодушен.

▪︎ „Господата од современа“ | Ана Алексовска

Документарниот филм е интимен портрет за Сунчица, посветена скопјанка која редовно ги посетува сите културни настани во градот. Таа не пропушта ниту еден музички, ликовен или литературен настан во Скопје, отсликнувајќи ја урбаната културна сцена и односот на општеството кон различното. Авторското деби на Алексовска освои номинација за најдобар кус документарен филм на кандаскиот „Hot Docs IDFF“, како и „Grand Prix“ на словенечкиот фестивал „FeKK“.

▪︎ „Антигона“ | Ибер Деари

Во рурална Македонија, една решителна жена започнува тивка револуција, пркосејќи им на традиционалните норми во локалната заедница. Документарниот филм ја раскажува инспиративната приказна за првата жена шофер од кумановското село Липково. Таа повеќе од дваесет години таа ја работи својата работа како такси-возач, без да се обесхрабри од предрасудите и средината во која доминираат мажи. Филмот освои неколку награди на „Sheffield Doc/Fest“ во Англија.