За немањето коса и останатите романтики

Британски работник бил навредуван поради својата ќелавост за време на расправија со колега на работното место, при што му била упатувана и закана. Судот оценил дека навредата била понижувачка и поврзана со полот, бидејќи ќелавоста е многу почеста кај мажите. Сепак, тоа не значи дека секое „ќелав“ е причина за тужба. Важни се контекстот, намерата и начинот на кој е кажано.

Според балканската правна пракса:

😂 „Ќелав мој“ од партнерката – љубов.

😂 „Ќелав“ од кумот – прекар што го носите од трето одделение.

😂 „Ќелав“ од шефот среде расправија, плус закани – се гледаме на суд.

А ако фризерот ви каже: „Исто како минатиот пат?“ – тоа веќе е стручно вештачење.

Заклучок на „експертите“: На Балканот отсега не се вели „ќелав“, туку „господине со панорамски кров“. 😂

@позајмено од vrabotuvanje.com