Синоќа заврши 71-то издание на Венециската Мостра, каде престижниот „Златен лав“ го доби американската драма „Nomadland“ на кинеската режисерка Клои Жао. Но, овој пат нема да правиме кавер на случувањата на најстариот филмски фестивал во светот, туку ќе одиме на едно заедничко патување во светот на уметноста, благодарение на репрезентативниот музеј „Пеги Гугенхајм“ сместен на „Grand canal“ во најмагичниот град на планетата.
Инспиративната Венеција изобилува со музеи и галерии кои треба да се посетат, но една, единствена и исклучителна колекција која едноставно мора да се види во живо е онаа на славната Пеги Гугенхајм, бидејќи содржи дела на маестрални сликари од маниризмот до надреализмот. До неа може да дојдете фраерски, изнајмувајќи гондола, но и со прошетка низ бројните мостови надвиснати над каналите. Кога ќе го поминете оној најголемиот, над Големиот канал, тогаш знаете дека сте на дофат на историјата на уметноста.
Скромниот влез во прекрасниот простор најпрво ве води во еден фино среден двор, каде купувате влезни билети и разни дрангулии од музејската сувенирница. Тематската изложба која во моментот треба да ја посетиме е насловена „FOR YOUR EYES ONLY, A Private collection, from Mannerism to Surrealism“. Звучи многу возбудливо!!!
Она што восхитува во овој совршен простор е градината, во која посетителите можат да здивнат од туристичката трка низ венециските канали. Прекрасно уредениот простор изобилува со зеленило, цвеќиња, и секако, скулптури на познати уметници.
„Колекцијата на Пеги Гугенхајм“ е всушност најатрактивната локација за посета во Венеција. Сместена во Pallazzo Venier dei Leoni од 18 век, таа била дом на американската наследничка Пеги Гугенхајм речиси три декади. Во него таа живеела, се журкала и приредувала изложби се’ до нејзиното заминување на оној свет.
Таа почнала сезонски да ја изложува својата приватна колекција од 1951 година, а по нејзината смрт во 1979 година просторот и’ припаднал на Фондацијата „Соломон Р. Гугенхајм“, кој продолжил да ја изложува насобраната колекција во различни тематски поставки веќе следната, 1980 година.
Rene Magritte (1898-1967), The Ready Made Bouquet, 1956
Hieronymus Bosch (1450-1516), The Last Judgement, 1515-20
Salvador Dali (1904-1989), Face with Ants, 1936
Giuseppe Arcimboldo (1526-1593), Air
Колекцијата содржи вредни дела од италијанските футуристи до американските модернисти, од кубизмот преку надреализмот до апстрактниот експресионизам, но и дела од средниот век, кои тематски се поврзани со оние на сликарите од 20 век.
Giuseppe Arcimboldo (1526-1593), Winter
Salvador Dali (1904-1989), Head of the woman in the form of a battle, 1936
Paul Klee (1879-1946), Over the Obstacles, 1939
Rene Magritte (1898-1967), The Castle of the Pyrenees, 1962
Во 2017 година за директорка на музејот е назначена внуката на Пеги Гугенхајм, Карол Вејл. Таа го наследи Филип Рајландс, кој институцијата ја водел дури 37 години, и успеал да ја направи најпосетен простор во Венеција, а музејот редовно е и меѓу 10-те најпосетени во Италија, што поради големата понуда и конкуренција, е врвно достигнување.
Max Ernst (1891-1976), Forest, Birds and Sun, 1927
Salvador Dali (1904-1989), Flying Giant Demi-Tasse… 1944-45
Rene Magritte (1898-1967), The Red Model, 1947-48
Man Ray (1890-1976), In The Moonlight, 1948
Колекцијата на музејот е базирана на личната уметничка колекција на Пеги Гугенхајм, поранешната сопруга на Макс Ернст и внука на рударскиот магнат Соломон Р. Гугенхајм. Пеги почнала со купување на дела меѓу 1938 и 1946, користејќи ја ситуацијата со Втората светска војна и неповолната ситуација во која се нашле уметниците, а во таа потрага по вредни дела таа, меѓу другите, го открила и талентираниот Џексон Полок.
Max Ernst (1891-1976), The Antipope, 1941-42
Alberto Giacometti (1901-1966), Femme egorgee, 1932
Rene Magritte (1898-1967), L’Empire des Lumieres, 1953-54
Alberto Giacometti (1901-1966), Project pour une place, 1931-32
Max Ernst (1891-1976), Jeune femme en forme de fleur, 1944
Интересно, некаде на средина од разгледувањето на поставката „Само за Вашите очи“, патеката на движење води на една тераса, која излегува на Големиот канал, облагородена со една прекрасна скулптура. Но, каде и да се свртите, гледате само убавини, бидејќи целиот град претставува уметност во живо, и оваа тераса навистина се наоѓа на вистинското место и ви дозволува оддишка во вистинско време, бидејќи многу убавини одеднаш можат да бидат и контрапродуктивни 🙂
Враќајќи се на животната приказна на Пеги Гугенхајм, веројатно ќе се запрашате: а од каде толку пари? Па, не се паднати од небо, нели. Бенџамин Гугенхајм, таткото на Пеги, е Ашкенази Евреин, и како дел од семејстовото Гугенхајм, во тестаментот на Пеги и’ препишал 2,5 милиони долари, кои таа можела да ги подигне во 1919, кога ќе наполни 21 година. Тоа во денешни пари е околу 37 милиони долари. За жал, Бенџамин настрадал при потонувањето на Титаник во 1912 година и не дочекал да го види тоа.
Jackson Pollock (1912-1956), Direction, 1945
Jackson Pollock (1912-1956), Two, 1943-45
Mark Rothko (1903-1970), Sacrifice, 1946
Во 1920 година Пеги се пресeлува во Париз, меката на уметноста, и таму се дружи со Мен Реј, Константин Бранкузи, Марсел Дишан… Според нејзиниот биограф, се верува дека таа „спиела со над 1000 мажи“ во својот живот, претежно писатели и уметници кои барале афирмација и свое место под сонцето.
Egidio Costantini (1912-2007), Glass sculptures after scetches by Picasso, 1964
Во 1938 година Пеги отвора галерија во Лондон со Жан Кокто како гостин-уметник. Оттогаш почнува да ја создава својата „луда“ колекција, една од најзначајните на современата уметност во 20 век.
Paul Klee (1879-1940), Bildnis der Frau P. im Suden, 1924
Vasily Kandinsky (1866-1944), Empor, 1929
Pablo Picasso (1881-1973), Buste d’homme en tricot raye, 1939
Salvador Dali (1904-1989), La Naissance des desirs liquides, 1931-32
По Втората светска војна таа ја затвоилра лондонската галерија, и по разводот со Макс Ернст, ја купила „незавршената палата на лавовите“ во Венеција, сместена на атрактивна локација, во срцето на Големиот канал. Сето понатаму е историја, која ние, посетителите, можеме да ја посведочиме во живо, стоејќи и воодушевувајќи им се на големите дела.
Jean Arp (1886-1966), Soulier bleu… 1925
Piet Mondrian (1872-1944), Composition No. 1, 1938-39
El Lissitzky (1890-1941), Untitled, 1919-20
Vasily Kandinsky (1866-1944), Weisses Kreuz, 1922
Man Ray (1890-1976), Silhouette, 1916
Годишно палатата „Вение деи Леони“ ја посетуваат околу 400 илјaди љубители на уметноста, но колекцијата ја виделе и посетители на специјалните патувачки изложби во Амстердам (1950), Цирих (1951), Лондон (1964), Стокхолм (1966), Копенхаген (1966), Њујорк (1969) и Париз (1974). Интересно, во една од музејските соби се изложени и неколку слики од Пегин Вејл Гугенхајм, ќерката на Пеги.
Pablo Picasso (1881-1973), Pippe, verre, bouteille de Vieux Marc, 1914
Marc Chagall (1887-1985), La Pluie, 1911
Giorgio de Chirico (1888-1978), La Tour Rouge, 1913
Vasily Kandinsky (1866-1944), Landscapes with Red spots, No. 2
Jean Arp (1886-1966), Couronne de bourgeons I, 1936
Je suis Igor 😉
И на крајот, инфо дека Пеги Гугенхајм е портретирана од актерката Ејми Мадиган во филмот „Полок“ (2000), режиран од Ед Харис, кој и го игра славниот уметник. За оние кои сакаат да дознаат повеќе за животот на љубителката на уметноста и колекционерка, проверете го документарниот филм „Peggy Guggenheim: Art Addict“ (2015).
@2014