Едно од посебните задоволства е кога ќе се посети одреден бенд за време на нивната проба во подрумот или гаражата каде вежбаат за следниот настап. Тазе вратени од свирка на хард-кор фестивал во слободарската Пула, ги посетив Tank Warning Net во нивната тогашна база, еден тесен подрум во центарот на Скопје, и си направивме вообичаен free-style муабет за сите работи кои момците ги тангираа во моментот.
Резултатот на крајот од разговорот, вклучувајќи ги сите искажани ставови и засебни табиети на секој поединечен член на TWN, е еден и единствен: PUNK’S NOT DEAD!!! Барем тогаш, на крајот од милениумот.
@ТВ Сител, 1999