Вообичаено на 1 јануари сите се возбудени околу традиционалниот концерт на Виенската филхармонија, но денеска се селиме во соседниот град, каде во 2016 година во Националната концертна сала “Бела Барток” маестрален концерт одржа легендарниот американски џез пијанист Keith Jarett.
Ова издание на ECM снимено во градот на убавиот, син Дунав по квалитет и изведба сериозно му конкурира на она од настапот во Келн во 1975 година, кој е веќе антологиски. Чујте и проценете сами. СРЕЌНА НОВА 2022 ГОДИНА!