„Au gre du vent“, Ветрилиште

Марија Бежановска е новинарка и преведувачка која со години наназад ги преведува делата на македонските и балканските автори на француски јазик за тамошните водечки издавачки куќи. По објавувањето на „Ветрилиште“ ме контактираше, и по читањето на книгата добив позитивни реакции од неа. Вчера на нејзината страница постираше извадок од романот, чиј наслов на француски звучи многу убаво: „Au gre du vent“. Еден збор разделен на четири.

Се разбира, голема благодарност до г-ѓа Бежановска за иницијативата, особено за описот под мојата фотографија „македонскиот Пол Остер“, што ми ласка, но е далеку од вистината 🙂