Архива за категоријата: Филмополис

Филмскиот магазин „Филмополис“ се емитуваше 11 сезони на фреквенцијата на ТВ Телма, од 2003 до 2014 година. Препознатлива по својот авторски пристап, емисијата го следеше сето она што претставуваше квалитет во седмата уметност во светската кинематографија, со особен акцент на македонскиот филм. Неколкуте редовни рубрики како „Култна сцена“ и „Филмска музика“ во 500-те емисии имаа едукативен карактер. Се’ на се’, магазинот беше едно убаво медиумско искуство, за кое и ден-денес добивам убави коментари, но и жалење што емисијата не продолжи да се емитува во етерот.

Милчо Манчевски во „Филмополис“ 323

Интервју со сценаристот и режисер Милчо Манчевски по повод премиерата на неговото ново остварување „Мајки“.

Читај повеќе

Ретро „Филмополис“ 261

Во оваа епизода на магазинот, преглед на случувањата во македонската кинематографија во првата половина половина од 2009 година. Главни улоги: Марија Џиџева, Атанас Георгиев, Иво Трајков, Ѓорче Ставревски…

Читај повеќе

Иво Трајков во „Филмополис“ 254

Новиот филм „Созерцание“ на Иво Трајков во вечерашниот магазин, во кој гледаме и содржини од Кан, вклучувајќи ги и новите остварувања на Вуди Ален и Стивен Содреберг.

Читај повеќе

„На изгрејсонце“ на Ставревски и „Плати и жени“ на Георгиев во „Филмополис“ 252

Фокус врз премиерите на краткиот филм „На изгрејсонце“ на Ѓорче Ставревски и документарниот филм „Плати и жени“ на Атанас Георгиев, кој освои и меѓународна награда. Нешто почнува да мрда во македонската кинематографија 😉

Читај повеќе

12. СФФ и „Непрофесионалците“ во „Филмополис“ 251

Случувањата на новото издание на Скопскиот филмски фестивал, каде може да проследиме прегледн ан „Истерн“ жанрот, како и оние на Државниот фестивал на непрофесионален филм, вечерва во новото издание на магазинот.

Читај повеќе

Комплетно македонско издание на „Филмополис“ 250

Во главните улоги: Атанас Георгиев („Плати и жени“), Евгенија Теодосиевска, Иван Ивановски, Иво Антов…

Читај повеќе

Едноминутни филмови во „Филмополис“ 249

На Скопскиот филмски фестивал има еден интересен конкурс за едноминутни филмови, на кој се пријавуваат многу автори со своите филмски визии. Вечерашниот магазин е комплетно посветен на овие инстант остварувања, меѓу кои има од се’ по нешто и за секого по нешто. Ѕирнете 😉

Читај повеќе

Оливер Стоун во „Филмополис“ 248

Фокус врз работата на великанот Оливер Стоун, но и други интересни содржини поврзани со седмата уметност во вечерашниот филмски магазин на ТВ Телма.

Читај повеќе

Јиржи Менцл во „Филмополис“ 247

Славниот чешки режисер беше гостин во Кинотеката на Македонија, вечерва во фокус и во нашиот и Ваш филмски магазин на ТВ Телма.

Читај повеќе