Една убава вест

Од денес сум член на ДПМ! Благодарност до луѓето кои ме предложија и до членовите на Претседателството кои гласаа за прием. Значи, од денес сум писател со тапија 🙂

Шега на страна, баш ми е драго што после 20 години книжарска и издавачка дејност, со пет прозни и три публицистички изданија зад себе, станав дел од друштвото оформено од имиња како Васил Иљоски, Славко Јаневски, Блаже Конески, Ристо Крле, Владо Малески, Димитар Митрев, Иван Точко, Коле Чашуле, Ацо Шопов, но и сите останати кои беа, и се дел од асоцијацијата и оставија трага на македонската книжевна сцена во децениите наназад.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *