Таг архива: ДПМ

Брчки

Вчера во Македонската академија на науките и уметностите беше објавен годинашниот добитник на наградата „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“, холандската поетеса Анеке Брасинга. По нејзиното претставување следеше поетско читање по повод 21 март, „Светскиот ден на поезијата“, на кое настапија членови на Македонскиот ПЕН Центар и на Друштвото на писателите на Македонија. Бидејќи ја имав таа чест за прв пат да настапам во тој простор, напишав нова песна, насловена „Брчки“.

Читај повеќе

Кон „Филмско око“, жири на ДПМ

„Книгата „Филмско око“ на Игор Анѓелков (2025, Скопје: Или-Или), ја проследува продукцијата на седмата уметност во текот на последните неколку години. Претставува критичка хроника на дадениот период на македонскиот, европскиот и американскиот филм.

Читај повеќе

Патувањето и трансформацијата на една песна

Неодамна на своите профили на социјалните медиуми, ДПМ ја сподели песната „Улиште“ од стихозбирката „Ноември“, која е дел од конкурсот за годишните награди. Aвторот ја избра таа песна затоа што е единствената која опфаќа период на зреење од три децении. Овој текст низ (само)анализа ќе се обиде да ги долови патувањето на една песна низ времето, односно, трансформацијата од „цел“ во „улиште“.

Читај повеќе

ТВ Телма за „Ветрилиште“

Од поранешните редакции за култура во електронските медиуми не остана речиси ништо. Телевизија Телма е еден од ретките бастиони кои во својот дневник практикуваат да покријат културни настани актуелни во моментот. Тие беа пријатното изненадување на промоцијата на „Ветрилиште“ во ДПМ, емитувајќи го прилогот веднаш по настанот, во третото издание на вестите, со што ги испочитуваа основните правила на новинарската професија.

Читај повеќе

Фото галерија од промоцијата на „Ветрилиште“

ДПМ, 17.12.2024, 19ч.

Кога ќе видиш насмеани и задоволни лица по настанот, тоа е знак дека се’ поминало во најдобар ред.

Голема благодарност до Оливера Ќорвезироска, до сите присутни (и оние онлајн) кои одвоија време синоќешната промоција да ја направат незаборавна, и се разбира, до фотографот Горан Михајловски 😉

Читај повеќе

Промоција на „Ветрилиште“ во ДПМ

Драги пријатели, со големо задоволство Ве информирам дека утревечер, на 17 декември во 19 часот, во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи промоцијата на романот „Ветрилиште“. Чинам дека помина доволно време (5 ноември) од објавувањето на јубилејната, десетта книга, па редно беше да Ве поканам на гости и да почестам. Со драгата пријателка Оливера Ќорвезироска ќе се обидеме да ви ја приближиме книгата најдобро што можеме. Оваа дружба на „Максим Горки“ бр. 18 е одлична можност не само за колегите, туку и за сите оние што досега не зачекориле во храмот на книжевноста, конечно да го сторат тоа.

Читај повеќе