Утре започнува второто издание на Интернационалниот фестивал за краток филм „Абас Кјаростами“ во Берлин, посветен на магот на иранската и светската кинематографија, кој во 1997 година ја освои „Златната палма“ во Кан за прекрасниот филм „Вкусот на црешите“.

Од 780 пристигнати филмови од 52 земји, се радуваме што нашето 10-минутно остварување „Крстопати“ е меѓу 33-те селектиран кратки филмови, и ќе биде прикажан во официјалната фестивалска програма во четврток, на 3 јули. Радости!!!
