Последната фотографија на Морисон

Ова е последната позната фотографија од Џим Морисон, фотографирана од Памела Курсон на овој ден, 28 јуни, во 1971 година. Тој е опуштен и освежен, и воопшто не изгледа како дивата рок-ѕвезда која на сцената доживува трансфорамции од песна во песна. Морисон и и неговата девојка биле во Париз веќе извесно време, за конечно да се случи таа фатална ноќ во кадата, кога лидерот на The Doors, за жал, бил пронајден мртов.

Во една прилика, Морисон изјавил: „Луѓето се плашат од себе, од сопствената реалност; пред сè од своите чувства. Луѓето зборуваат за тоа колку е голема љубовта, но тоа се глупости. Љубовта боли. Чувствата се вознемирувачки. Луѓето се учат дека болката е зла и опасна. Како можат да се справат со љубовта ако се плашат да чувствуваат? Болката има за цел да нè разбуди. Луѓето се обидуваат да ја сокријат својата болка. Но, грешат. Болката е нешто што треба да се носи, како радио. Ја чувствувате вашата сила во искуството на болката. Сè е во тоа како ја носите. Тоа е она што е важно. Болката е чувство. Вашите чувства се дел од вас. Вашата сопствена реалност. Ако се чувствувате засрамени од нив и ги криете, дозволувате општеството да ја уништи вашата реалност. Треба да се залагате за вашето право да ја чувствувате вашата болка.“

Џим Морисон е погребан на славните париски гробишта „Пер Лашез“, каде лежат телата на многу великани од уметноста. Повелете текст за овој „град-во-градот“: