Nouvelle vague во живо на Радио Равел

Освен дневната обврска со водењето на магазинот од културата „Извесен поглед“ од 12 до 15 часот, и секако, омилениот „Мезанин“, кон крајот на 2007 година сум имал чест да го најавам и концертот на Нувел ваг, бендот кој стекна светска слава со одлични босанова кавери на песни од познати бендови и изведувачи.

Концертот се одржа во Универзалната сала во Скопје на 17 декември 2007 година и беше пренесуван во живо на 96 ФМ. Вам ви преостанува да пуштите плеј, малку да го зголемите тонот, и да си уживкате 😉

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *