„Среќните луѓе не слават родендени“ од Сашо Кокаланов

Како 225 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ, утре од печат ќе излезе новиот роман на Сашо Кокаланов насловен „Среќните луѓе не слават родендени“. Ова е негова трета објава во оваа издавачка куќа, по популарните „Ние сме лудаци“ и „Ши“.

Извадок од книгата:

„Среќата денес е преценета работа. Денес полесно се доаѓа до среќа отколку во мое време. Секој втор локал е за игри на среќа, останатите се за брзи кредити за оние што немале среќа во игрите на среќа. Да, точно, има толку многу продавници каде што може да се купи среќа, цели зони каде што бесплатно или за мали пари може да се остварат најскриените желби. Ти се мочам јас на таквата среќа!

Јас се враќам од една таква зона, стари, од една таква продавница. Се враќам среќен, но за среќа тоа сум само јас, еден крајно добродушен и скромен човек. Во право си, среќата не е за секого. Замисли што ќе се случи кога сите ќе поверуваат во таа соба и кога сите ќе отидат брзајќи во зоната. Сите тие потенцијални императори, големи инквизитори, фирери од сите провениенции… И оние најлошите, таканаречените спасители на човештвото!

Во право си. Среќата не е за секого“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *