Како 225 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ, утре од печат ќе излезе новиот роман на Сашо Кокаланов насловен „Среќните луѓе не слават родендени“. Ова е негова трета објава во оваа издавачка куќа, по популарните „Ние сме лудаци“ и „Ши“.

Како 225 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ, утре од печат ќе излезе новиот роман на Сашо Кокаланов насловен „Среќните луѓе не слават родендени“. Ова е негова трета објава во оваа издавачка куќа, по популарните „Ние сме лудаци“ и „Ши“.

Деновиве од печат излезе новиот, петти роман од Сашо Кокаланов егзотично насловен „Ши“. Се работи за 190 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „ИЛИ-ИЛИ“, која го издава Кокаланов по втор пат, по романот „Ние сме лудаци“ од 2016 година.

По „Превртено“ (2007) и „Соба со пијано“ (2013), Игор Иванов го реализирше својот трет долгометражен филм насловен едноставно „Хомо“, или „Човек“, овој пат сценаристички во соработка со Сашо Кокаланов. На крајот од проекцијата станува очигледно дека режисерот ја пресликал, или подобро, ја повторил формулата од неговото претходно остварување, секако, полирајќи и надградувајќи ја со одредени нијанси. „Соба со пијано“ беше студија на епизодни карактери, каде речиси и да нема постојан главен лик, освен собарката. „Хомо“ е студија на епизодни карактери каде речиси и да нема постојан главен лик, освен адвокатот. И обата филма се обидуваат да медитираат со мантрата дека современиот човек е отиден кадешто не треба, дека урбаното битие е изгубено во потрагата по љубов и слобода и функционира само со помош на респиратори, што е одамна апсолвирана вистина. Homo homini lupus est.

„Готленд“ е трогателна приказна за критичкиот ум под стегите на комунистичкиот режим, соочен со апсурдни ситуации, додека приватниот живот перверзно бил искористуван од властите, со цел да биде замолчен.
Главните ликови на „Готленд“ се: основачот на познатата фабрика за чевли „Бата“, славниот естраден пејач Карел Гот, љубовницата на нацистот Гебелс, скулпторот на најголемиот споменик на Сталин во светот, внуката на Кафка, која им го давала своето име на користење на автори ставени на црна листа во комунистичкиот режим за да може и понатаму да издаваат, младото момче кое се самозапалува по угледот на Јан Палах, 30 години по неговата смрт, познатиот чешки драматург Јан Прохаска и многу други.
