САФ во „Нова машина“

Деновиве Пикисипи, по повод 21 година од излегувањето на култниот албум „Сафизам“, за сите фанови кои ја немаат оваа хип-хоп лектира направи повторна дистрибуција на компакт дискот. Еве мало потсетување што се случуваше пар месеци пред излегувањето на албумот. Во 1999 година Смилен, Гоце и Пикисипи веќе беа етаблирани на музичката сцена со еден куп следбеници на живите настапи, и полека но сигурно го крчкаа дебитантското албумско остварување на САФ со промовирање на неколку синглови. Меѓу нив беше и темата „Сафари“, придружена со одличен видео-спот.

Митко Гаштаровски беше љубезен и дојде во Сител за да направиме разговор по повод актуелните случувања околу оваа култна хип-хоп дружина. Прашањата се движат од вообичаено-информативни до провокативни. Снимателот Тони беше супер расположен и низ едно „фристајл“ возење со камерата направивме интересен прилог во стилот на музичката телевизија „МТV“.

Веќе на почетокот од следната година излезе „САФИЗАМ“, а сето понатаму е историја 😉

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *