Во 2005 година излезе една симпатична книгичка која имав чест да ја конципирам и приредам за македонските читатели, во издание на „Темплум“. Многу ми е драга бидејќи претставува мое прво официјално печатено издание на кое сум работел, девет години по издавањето на самиздатот „Четири“ и една година пред излегувањето на првата збирка раскази „Кротки приказни“ (ИЛИ-ИЛИ, 2006).
Во 19 поглавја успеав да приредам стотина графити напишани врз светските ѕидови, а на крајот од книгичката, како специјален додаток, и дваесеттото поглавје со „Скопски графити“. Се сеќавам дека со денови кружев со велосипед по градот и ги запишував графитите кои моите сограѓани ги оставале на ѕидовите околу нас. Сите нив ги имате во вториот дел од написов под оригиналниот наслов „Скопје, те чекам на крстосницата на Рузвелтова и Орце Николов“, како одраз на едно време во кое сме живееле и твореле. Сепак, започнуваме со воведниот текст.
„Светот е создаден од ѕидови, затоа не скеврнави ги“, го поучи Господ Бог својот син Исус, кој не слушајќи го својот Татко, чкрташе ли чкрташе со срцевината од моливот врз еден од ѕидовите на Кулата Вавилонска.
Ха! Оваа фиктивна приказна е една од многуте која не’ учи една многу важна работа: ако Христијанството е религија која постои 2000 години, тогаш графитите постојат уште толку плус. Римјаните во она време на ѕидовите од своите градови-полиси се зезале со се’ околу себе, од кога датираат и двата легендарни графити од Помпеја: Maxiumus est asimus (Максим е магаре) и Inter leges puellarum est gaudiam puerorum (Меѓу нозете на девојчињата лежи радоста на момчињата), на кои можеме да го надоврземе графитот од почетокот на кариерата на Брајан од монтипајтоновскиот филм „Житието на Брајан“, графитот со порака: Romans, Go Home! (Римјани, одете си дома!).
Дваесеттиот век, како и сите други работи, го институционализираше медиумот ГРАФИТ како неминовна иконографија на секоја паланка во светот што има минимум барем еден жител и макар половина ѕид. Каде има луѓе, таму има и пораки, нели.
Од краткиот историјат, ќе го споменеме појавувањето на клучната фигура на њујоршката уметничка сцена во 70-те, сликарот Жан Мишел Баскијат, кој со своите откачени графити со потпис Samo (Сејмо) успеа да го наметне својот стил и начин на размислување, заземајќи значајно место во историјата на уметноста во минатиот век. Или: Samo saves idiots (Сејмо спасува идиоти!)
И ако Баскијат со неговиот сограѓанин Кит Херинг меѓу првите го промовираше графитот-Ерос, тогаш значењето на ѕидот-Танатос во 1982 година на најдобар можен начин го „разголи“ британскиот бенд Пинк Флојд со концептуалниот албум The Wall, на кој како да му фалеше уште некој графит повеќе. А Берлин, ќе прашате? Берлин е мртов откако падна Ѕидот!
Затоа, на крајот од фиктивната приказна, сепак најопиплива работа е книгата што ја држите во вашите раце. На следните страници се собрани околу 1000 графити кои со текот на времето осамнувале на ѕидовите на големите и малите градови на планетата Земја и влегувале во историјата на светската ѕидографија. Посебно место, на крајот од книгава, зазема тематот „Скоспки графити“, кој се состои од 70-тина селектирани графити-пораки што секојдневно се појавуваа на темните или варосаните ѕидови низ Скопје во последниве години. Секако, поздрав и до самите графити автори, кои мрморењето во сопствената брада имаа храброст да го пренесат врз ѕидовите околу нас, предизвикувајќи нежност, сериозност, скокоткање, уживање…
Или, во духот на изумрените револуции: Ќе се бориме до последната капка спреј!
ЅИДОВИ ЗА ВАС, ПРЕКРАСНИ ЛУЃЕ
КОЈ ВИКА ДЕКА НИЕ ПИШУВАМЕ ПО ЅИДОВИ
ЗОШТО ГО СТОРИВ ОВА? ЅИДОТ Е НЕВИН!
ОВА Е МОЈ ЅИД!
ЅИДОВ ПЛАЧЕ ЗА…?!
КОЈ КУР ГРАФИТИ
ЈА САКАМ TRACY LORDS
СЛАБО ФАЌАМ СИТЕЛ
ICH LIEBE BUSEN
ВЕТРОТ ДУВА, ЗОШТО НЕ И НИЕ
WELCOME TO THE PARADISE CITY – КАРПОШ IV
ГРАДОТ УБАВ ПАК ЌЕ НИКНЕ, Пиколомини
ДЕНЕС Е ТЕШКО ДА СЕ БИДЕ ГЛУП, ИМА ГОЛЕМА КОНКУРЕНЦИЈА
LSD MAKES ME FREE
ВРЕМЕ СТОИ, А КИНТА ИДЕ КО НИКАД
СЛОБОДАТА Е САМО НА СОН
ЖИВОТНА ОПСЕСИЈА
VIRTUAL SEX? NO, THANKS!
ДРУЖЕ САВО, ПРОЗОР НЕЌЕ ПАСТИ
БУРЕК ДА, АЈВАР НЕ
САКАШ ЧАЈ, НЕЌАМ ЧАЈ, ВО МИГОВ СВЕТОЛ НЕ МИ СЕ ПИЕ НИШТО
1000 ЗОШТО? 1000 ЗОШТО ДА НЕ!?
WAS IST KUNST?
ИНЖЕНЕРИТЕ СЕ ПОЈАВИ СО РЕДУЦИРАНА СВЕСТ
ДА НЕ СЕ РАСПРАВАМЕ – ЈАДЕТЕ СВИНСКО!
ЛЕТ КОН КРАЈОТ
ART IS NOT CRIME
МЛАД ОВЧАР МЕРАК ИМАЛ НА ВРВ ПЛАНИНА КАВАЛ ДА СВИРИ
МАЛИ ОГЛАСИ: МЕЊАМ ЛИЧЕН ОПИС
АРХИТЕКТИ, ГРАДИТЕ БЕЗ ЉУБОВ
ЖИВЕЈТЕ ВО ПРОПАДНАТАВА ЗГРАДА
E-PLANET PMG
БОЉЕ НИ БЕШЕ ЗАД КАРПАТИТЕ
100 ГОДИНИ ТАРАНА, 400 ГОДИНИ ТАВЧЕ ГРАВЧЕ
ТЕ САКАМ, СОНЦЕ…
РОДЕНДЕНОТ ПОМИНА, НО СЕПАК…
СЕ НАЧУКАВМЕ… ЗИ-ЗИ…
ЈА ОСТАВИВ ЗАРАДИ ЦИГАРИТЕ!
КОЈ САКА ВАРДАР ДА ГО РУШИ, МОЖЕ НА КОМИТИ КУР ДА ИМ ПУШИ!
И ЈАС ПРОБАВ, АМА ТРЕВАТА БЕШЕ СРАЊЕ!
КОАЛИЦИЈА: ЏАНДАР-ТЕТКА-БУБАЛИЦА
СИ КУПИВ СКИ РОЛ, АМА НЕ ЗНАМ ДА ВОЗАМ
МИ СЕ ЕБЕ, МИ СЕ РИКА
ОВА Е ИНДИЈА. ОВА Е ЅИД!
F.Y.R.O.M. NEW POLICE STATE
ПРОДАВАМ ДРЖАВА ЗА ИЧ ПАРИ
ВМРО – GO HOME! Citizen
ТУТУНАРИТЕ И СТЕЧАЈЦИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ДАЛИ ТАЈВАН Е ВО КИНА ИЛИ БРАЗИЛ
СЛОБОДА ИЛИ СДСМ
ПРИЗНАЈТЕ ГО ТИБЕТ! СЛАБО ПЛАЌА.
СЕКС, ЛАГИ И ПРОВИЗИИ, РЕЖИЈА ЦИЛЕ
Г-ЦЕ ДОСТА, И ТАЧИ Е ЕРГЕН
БРАНЕ, ВРАТИ СЕ! ВО СЕМОС.
НАРОДОТ НЕ ПИЕ ГРЧКА НАФТА
СИМНИ СЕ ЦИЛЕ СЛОНЕ, СО ТЕБЕ БРОДОТ НИ ТОНЕ
ЉУПЧО, КОЛКУ ЧИНИ КОСОВСКАТА ПРОВИЗИЈА?
ЦИЛЕ, ДАЈ ЧАША ВОДА
ЉУБЧО, ВИЖДАШ ЧЕ СМЕ ЖИВИ
АКО Е ОД ДОСТА, ДОСТА Е!
NEW WORLD ORDER
ДОЛУ ВЛАДА!
ЕВРОПА ПРАВДА НЕ ДЕЛИ
(свастика) НИЕ ЛИ СМЕ СЛЕДНИТЕ?
ЦИЛЕ, НЕ ТРОШИ ТОЛКУ, ЈА РАСИПА МИЛИЈАРДАТА
ГОРЕ ВЛАДА
И ПИНГВИНИТЕ ИМААТ ПОВЕЌЕ СТИЛ ОД ПЕНОВ
СНЕШКЕ, ДАЈ МУ НА ЉУБЧО, НИ ЈА ПОЕБА ДРЖАВАТА!
ТУПУРКОВСКИ ЛИЧИ НА ГАРФИЛД!
ЗОШТО КИРО ПЛАЧЕШЕ?
ЉУБЧО, ГРАДСКИ АПТЕКИ СЕ СО ТЕБЕ!
БРАНКО, ШЕТАЈ! (врз логото на Џони Вокер)
СЕ’ Е ПОД КОНТРОЛА, ОСВЕН ВЛАСТА
ВИ ПОМИНА ЛИ МЕРАКОТ?
*Фотките со графити се направени во текот на минатите месеци во Скопје, и поголемиот дел од нив се’ уште ги красат ѕидовите околу нас… до следното бојадисување 😉