Таг архива: екв

„Angel’s Breath de/re/konstrukt“ – Živa Voda ft. Darko Rundek

Деновиве уживам во повторното читање на легендарниот албум „Angel’s breath“ на Милан и Суба од 1994 година. Нивната соработка под светлото бразилско сонце од деценија во деценија добива се’ поголемо значење, па „препрочитувањето“ на материјалот со универзални вибрации е сосема очекувано, па дури и пожелно. Минатата година „Менарт“ го објави ЛП-то „Angel’s Breath de/re/konstrukt“ на проектот „Жива вода“ во соработка со Дарко Рундек, кој и во претходни наврати сакал да преработи песни од неговиот добар пријател од ЕКВ. Кога го слушнав материјалот, буквално одлепив со каков авангарден пристап музичарите на песните им дале сосема нов живот и здив. Тргнувајќи да најдам повеќе информации за проектот, наидов на еден прекрасна рецензија која ги содржи повеќето работи кои и јас сакав да ги напоменам во текстот. Затоа одлучив да го „позајмам“ освртот од колегите на страницата „Тhoughts Words Action“, кој можете да го прочитате подолу.

Читај повеќе →

Совршен ден за банана риби

Радоста е неизмерна кога, и по четири децении, ќе откриеш некое парче музика кое мудро се криело од тебе, за токму после толку долго време, да ти се „разголи“ во сиот свој сјај. „Талас“ е музички проект на Бојан Печар, басистот на ЕКВ, за кој ниту угледниот музички новинар Петар Јањатовиќ нема засебна референца во неговата антологиска „Екс-ЈУ Рок енциклопедија“, туку само попатно го спомнува низ текстовите за други музички проекти на музичарите кои се дел од оваа плоча. А насловот? Па, всушност тој е оној кој ме привлече кон овој албум. Насловот на славниот расказ на Џером Селинџер совршено одговара за музичката слика на „Талас“ во 1983 година и за сето она што низ нивниот њу-вејв пристап сакаат да и’ го подарат на тогашната (но и денешната) публика на овие простори.

Читај повеќе →

„Круг“, посветено на ЕКВ

„Људи одлазе, и одлазе, и одлазе. Овде је досадно, сви су побегли на неко западније место… И ако сам негде стигао било је изнутра, у себе у себе у себе и никако споља…“

Никогаш досега не сум бил на концерт на tribute бенд. Едноставно, не ми се допаѓа таа приказна, зашто ќе отидеш полн со предрасуди и триста неодговорени прашања, и тоа ќе ти пречи да се опуштиш и да уживаш во музиката која ја сакаш. Океј ми е да се отиде во некое клупче, бендот да свири познати „ствари“ и со пријателите прописно да се изжуркаш. Затоа официјалното постоење на трибјут бендови отсекогаш ми било фејк. But… Never say never!

Читај повеќе →