Повторно францускиот кавер бенд во фокус на меѓупросторот на Радио Равел. Пред тоа, малку актуелна мкд музика 😉

Повторно францускиот кавер бенд во фокус на меѓупросторот на Радио Равел. Пред тоа, малку актуелна мкд музика 😉
Во ова издание на меѓупросторот на Радио равел, француската кавер-атракција „Нувел ваг“ со снимки од нивниот настап во Универзалната сала во Скопје, но и низ компилации по нивен избор.
Освен дневната обврска со водењето на магазинот од културата „Извесен поглед“ од 12 до 15 часот, и секако, омилениот „Мезанин“, кон крајот на 2007 година сум имал чест да го најавам и концертот на Нувел ваг, бендот кој стекна светска слава со одлични босанова кавери на песни од познати бендови и изведувачи.