Таг архива: југославија

„Музеј на Новиот бран“ во Загреб

Престојот во хрватската метропола го искористив добро да го запознаам градот, се разбира, однапред пикирајќи одредени места кои морам да ги посетам. Меѓу сите нив, на прво место на приоритетната листа беше „Музејот на Новиот бран“ кој, интересно, се отвори на 05 ноември 2022-та година. Го запаметив датумот затоа што тогаш вообичаено славам роденден, правејќи си муабет со себе дека и по четири декади, јас се’ уште сум заинтересиран за нешто што се случило многу одамна, како не ми е срам, дури се прекорив. Но ако тоа ревносно си го следел, ако со тие песни си пораснал и на некој начин го оформиле твојот светоглед, тогаш тука нема ништо спорно, се тешев. Информацијата остана во главата, и еве, Загреб конечно ми се случува во живо, on the face of the place, и подготвен сум за едно убаво доживување кое ќе разбуди многу (подзаспани) спиритуални духови во мене, а се надевам и во вас читајќи ја оваа репортажа.

Читај повеќе

Изложба „Добредојдовте“

Со изложбата насловена „Добредојдовте“, градот Пазин минатата година ја одбележал 75-годишнината од посетата на Меѓународната комисија за разграничување на Јулијската краина, односно Истра,  меѓу Италија и Југославија. Изложбата се отворила на 18 мај и било најавено  дека ќе трае до 31 декември 2021 година, но поради големиот интерес и посетеноста, како и поради важната тема која ја обработува, таа може да се посети во средновенковниот „каштел“  и во текот на оваа, 2022 година.  

Читај повеќе

„ЈУГОСЛАВИЈА, МОЈА ДЕЖЕЛА“ од Горан Војновиќ

„Југославија, моја дежела“ раскажува за триесетгодишниот Владан Боројевиќ, кој со својата мајка живее во љубљанскиот кварт „Фужине“, метафора за „Југославија во мало“, место кое постојано се менува и добива нов облик. Тој преку Интернет дознава дека неговиот татко, поранешен офицер на ЈНА, не е мртов, како што му кажала неговата мајка пред седумнаесет години. Владан, кој е дете од мешан брак, веднаш тргнува на патување низ бившите југословенски републики за да ја дознае вистината за сопствениот татко и неговото семејство. На тоа патување, Војнович на прекрасен начин успева попатно да ги протне големите прашања за смислата на војната, семејството, жртвувањето, отуѓувањето… Насловот на романот е мотивиран од популарната парола во осумдесетите години во Словенија, која гласи: „Словенија, моја дежела“.

Читај повеќе