Таг архива: баланеску

Луминица – мало светло на крајот од тунелот

По четврт век од легендарниот настап во салата на тогашен МНТ, Александар Баланеску се врати во градот кој му оставил незаборавни сеќавања, прогласувајќи го скопскиот концерт во 90-те за еден од најдрагите во неговата блескава кариера. Тоа беа времиња кога неговиот квартет беше актуелен со албумот „Possesed“, на кој на А-страната се сместени петте антологиски преработки на темите на Крафтверк плус една од Дејвид Б’рн, а на Б-страната романскиот музичар го покажува својот раскошен талент за компонирање на современа музика. Плочата купена во Будимпешта пред концертот на Ник Кејв (тогаш актуелен со албумот „Let love in“) и ден-денес е една од моите омилени во домашната колекција. Но, и скопскиот концерт во петокот, на 11 март, ќе остане во нашите срца поради еден куп работи, а пред се’ поради величенствената изведба на квартетот на авторските композиции, на крајот зачинета со темата „Das Model“.

Читај повеќе

„Баланеску квартет“ во Мезанин

Во 175 издание на меѓупросторот на Радио Равел, музика од маестро Александер Баланеску и неговиот квартет, надополнети со други музички убавини.

Читај повеќе