Музејот „Гунценхаузер“ е музеј и уметничка галерија лоцирана во Кемниц, третиот по големина град во Саксонија, Германија. Содржи 2.459 дела од 270 модерни уметници од 20 век, собрани од трговецот со уметнички дела д-р Алфред Гунценхаузер. Музејот беше отворен во декември 2007 година во присуство на германскиот претседател Хорст Келер и е еден од најважните музеи на модерната уметност во Германија.
Читај повеќеТаг архива: ворхол
Музеј на современа уметност во Краков (MOCAK)
Оддалечен само три километри од прекрасниот центар на градот, краковскиот Музеј на современа уметност на посетителите им овозможува увид во случувањата на полето на полската, европската и светската уметност во последниве неколку декади. На првиот кат е постојаната изложба со дела на современи полски уметници, а галериите на вториот кат нудат периодични тематски изложби. Дизајниран од Клаудио Нарди во неомодернистички стил, музејот содржи и кафетерија, библиотека и современ конзерваторски центар, и интересно, освен огромниот простор во кој се изложени делата, има уште неколку надворешни галерии во кои исто така се случува „уметност“. Реализацијата на овој проект, отворен на 19 мај 2011 година, чинеше 16 милиони евра, ко-финансирани од фондот на ЕУ.
Читај повеќеКон документарниот филм „Велвет андерграунд“ на Тод Хајнс
Пријатно бев изненаден кога пред некој ден холивудската академија за филм ги објави насловите кои влегоа во потесниот, претпоследен круг за документарен филм во трка за Оскарите, бидејќи меѓу нив се најде и последното остварување на Тод Хајнс посветено на моите музички херои Велвет андерграунд. Но, откако го изгледав филмот и кога подобро размислив, нема сомнение дека се’ што сними досега Тод Хајнс, а е поврзани со музиката, претставува вистинско ремек дело. Се сеќаваме на филмот „Velvet goldmine“ од 1998 година, во кој ни ги претставува многуте трансформации на камелеонот Дејвид Боуви, како и на „I’m not there“ девет години подоцна, во кој тоа го прави со Боб Дилан, игран од седум различни актер(к)и. Сепак, овој пат Хајнс го зема доку-жанрот за да ни ја раскаже приказната за, според многумина, најзначајниот бенд во современата музичка историја. Меѓу нив сум и јас, и безобразно ќе ја искористам оваа можност низ текстот да си ја претставам мојата колекција на плочи од њујоршките легенди 😉
Читај повеќе„Лудвиг“ во Будимпешта
Музејот на современа уметност „Лудвиг“ во Будимпешта се наоѓа на неколку станици со трамвај од центарот, во комплексот „Мупа“, во чии рамки има и коцертна сала за филхармониски и разни други музички настани. Музејот е животно дело на Ирене и Петер Лудвиг, љубители на уметноста, поддржувачи, колекционери, кои во далечната 1989 година успеале да ја освежат уметничката сцена на Будимпешта со отворање на ваков прекрасен објект. Нивната визија и ден-денес го облагородува градот и го држи на мапата на светски градови во кои може да се проследи современиот уметнички крик на актуелните уметници, но и на оние од поблиското минато.
„Songs for Drella“ во Мезанин 06
Лу Рид и Џон Кејл му посветија прекрасен албум на нивниот продуцент, мецена и пред се’ пријател Енди Ворхол, насловен „Songs for Drella“, како шт бил и неговиот надимак. Со нив го отвораме вечерашниот шести „Мезанин“, кој наидува на одличен прием кај слушателите.
Њујоршка музичка сцена 1961-2001
Она што на 11 септември му се случи на Њујорк, главниот град на светот, можеби ќе се одразни на убавината на неговиот изглед, но секако не и врз неговиот дух. Во овој серијал осврт кон луѓето кои, живеејќи и инпспирирајќи се во/од овој град, создадоа цела енциклопедија од фантастична музика, чие влијание го чувствуваме и денес.
Читај повеќе