Таг архива: Краков

Музеј на современа уметност во Краков (MOCAK)

Оддалечен само три километри од прекрасниот центар на градот, краковскиот Музеј на современа уметност на посетителите им овозможува увид во случувањата на полето на полската, европската и светската уметност во последниве неколку декади. На првиот кат е постојаната изложба со дела на современи полски уметници, а галериите на вториот кат нудат периодични тематски изложби. Дизајниран од Клаудио Нарди во неомодернистички стил, музејот содржи и кафетерија, библиотека и современ конзерваторски центар, и интересно, освен огромниот простор во кој се изложени делата, има уште неколку надворешни галерии во кои исто така се случува „уметност“. Реализацијата на овој проект, отворен на 19 мај 2011 година, чинеше 16 милиони евра, ко-финансирани од фондот на ЕУ.

Читај повеќе

Фабриката за емајл на Оскар Шиндлер

Една до главните туристички точки близу Краков е концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау. Милиони туристи годишно го посетуваат овој камп на смртта, во кој Нацистите за време на Втората светска војна егзекутирале стотици илјади Евреи. Јас сум еден од оние луѓе на кои совршено им е јасна пораката која посетата на ова место ја остава кај луѓето, „таков злостор врз човештвото никогаш да не се повтори“, но не можете да ме натерате како турист да бидам дел од простор каде се’ уште може да се почувствува големата болка и неправда нанесена врз човечките суштества. Но, Краков изобилува со историја поврзана со еврејското прашање, и беше невозможно таа да се прескокне. Затоа, бидејќи бев дел од ФИПРЕСЦИ жирито на филмскиот фестивал во овој прекрасен полски град, решив да го спојам професионалниот ангажман со туристичкиот момент со посета на фабриката за емајл на Оскар Шиндлер, чија позитивна приказна на спасување на Евреите за време на Втората светска војна го инспирираше американскиот режисер Стивен Спилберг да го сними филмот „Шиндлеровата листа“, подоцна седумкратен Оскаровец.

Читај повеќе

Пофалба на Другоста

Кон 63. издание на Филмскиот фестивал во Краков, со фокус на Меѓународната селекција на документарни филмови

Полска е земја со голема филмска традиција, со безброј значајни филмски фестивали и со многу туристи од сите краишта на светот. Мојата прва посета на оваа земја на североистокот од Европа се случи во својство на член на ФИПРЕСЦИ жирито на еден од најстарите филмски фестивали на Стариот континент. Краков е еден од ретките полски градови кој Нацистите во Втората светска војна не го чепнале, оставајќи го неговото градско јадро сосема сочувано и за следните генерации. Токму оваа убавина годишно ја посетуваат во просек околу 10 милиони туристи, и со право, бидејќи градот има што да понуди. Во таа богата понуда спаѓа и филмскиот фестивал во Краков, кој по 63 пат, на едно место, го собра најдоброто од меѓународната документарна продукција, кратките филмови, националната селекција и, за пошироката публика, документарците за современите музички херои. Една седмица брилијантна понуда од приказни распослани низ целиот град, во прекрасни кино храмови, и навистина верувам дека на публиката и’ беше тешко што да избере да погледне.

Читај повеќе

Најстарата европска книжарница на „Rynek Główny 23“ во Краков

Краков е навистина импресивен град, и со право годишно е посетен од милиони туристи. Покрај атракциите како замокот Вавел, фабриката на Оскар Шиндлер и музејот „Чарториски“, градот е дом на осумдесетина книжарници каде со пријателите можете да испиете кафе, а во понудата да ги најдете своите омилени автори. Литературната репутација на овој полски град беше зацементирана во 2013 година, кога УНЕСКО го прогласи за „Град на литературата“, прв во континентална Европа, и само втор не-англиски град кој ја доби таа чест.

Читај повеќе