Таг архива: Евреи

Кон романот „Арагон“ од Михајло Свидерски

Свидерски тивко и ненаметливо го гради својот книжен пат до вистински мајстор-раскажувач. Тоа ми стана јасно уште во 2019 година, кога авторот на само 28-годишна возраст напиша маестрално дело насловено „Последните денови на Ханс“, кое заслужено влезе во финалето за наградата „Роман на годината“. Да се напише таков психолошки роман за најголемиот сатрап во поновата историја, вешто криејќи ја информацијата од читателот, притоа длабоко навлегувајќи во психологијата на личноста зад која стојат милиони жртви, навистина претставува врвна умешност. За жал книгата, и покрај финалето, не наиде на особен интерес меѓу читателите. Очигледно тоа е резервирано само за добитниците на наградата. А кога сме веќе кај „Романот на годината“, изненадувачки е што новиот, исто така одличен роман „Арагон“ на Свидерски не влезе во вториот круг, меѓу 11-те селектирани дела, особено знаејќи дека дел од нив се „wanna-be“ романи. Но добро, секој со своите книжевни критериуми и убедувања.

Читај повеќе

Фабриката за емајл на Оскар Шиндлер

Една до главните туристички точки близу Краков е концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау. Милиони туристи годишно го посетуваат овој камп на смртта, во кој Нацистите за време на Втората светска војна егзекутирале стотици илјади Евреи. Јас сум еден од оние луѓе на кои совршено им е јасна пораката која посетата на ова место ја остава кај луѓето, „таков злостор врз човештвото никогаш да не се повтори“, но не можете да ме натерате како турист да бидам дел од простор каде се’ уште може да се почувствува големата болка и неправда нанесена врз човечките суштества. Но, Краков изобилува со историја поврзана со еврејското прашање, и беше невозможно таа да се прескокне. Затоа, бидејќи бев дел од ФИПРЕСЦИ жирито на филмскиот фестивал во овој прекрасен полски град, решив да го спојам професионалниот ангажман со туристичкиот момент со посета на фабриката за емајл на Оскар Шиндлер, чија позитивна приказна на спасување на Евреите за време на Втората светска војна го инспирираше американскиот режисер Стивен Спилберг во 1993 година да го сними филмот „Шиндлеровата листа“, подоцна седумкратен Оскаровец, според романот добитник на Букеровата награда „Шиндлеровата арка“ (1982) на австралискиот писател Томас Кинели.

Читај повеќе