Таг архива: екранизација

Приказни за генијалноста и лудилото

Екранизација на животите на славните писатели

Веќе со децении вообичаена практика во седмата уметност е да се екранизираат животите на славните личности, бидејќи публиката секогаш ужива во такви приказни, што, откако ќе бидат ставени на целулоидната лента, стануваат повистинити отколку што навистина се. Но, филмот е магија што може да си го дозволи тоа и во овој текст ви претставуваме еден куп наслови поврзани со животите на секогаш непредвидливите и инспиративни писател(к)и, кои во минатото ни подарија едно чудо прекрасни приказни.

Кои се најконтроверзните писатели во минатиот век, кои со својот боемски живот влегоа во легендите? Токму со филмските приказни за развратниот живот на бонвиваните Хенри Милер и Чарлс Буковски ќе го почнеме овој преглед. Долго време требаше за да излезе првиот филм за славниот Буковски, поточно за неговото алтер-его Хенри Кинаски, маестрално одигран од Мики Рурк. „Барска мушичка“ (1987) е насловот што го потпиша режисерот Барбет Шредер, со што се подотворија вратите на Холивуд за уште некоја екранизација на делата на стариот расипаник. Сепак, дури пред некоја година филмаџиите нè почестија со „Фактотум“ (2005), во кој стариот пес Хенк овој пат го игра Мет Дилон, под режисерската палка на Бент Хамер.

Читај повеќе