Таг архива: експедишн

Земјотрес 2020

Синоќа во МКЦ во Скопје се случи „Земјотрес“ осми пат по ред. Симболично именуван како настан кој ги поместува музичките граници, се чини дека почетокот на февруари, таман откако сме го преживеале долгиот јануари, е идеален термин за сумирање на резултатите од претходната година на музички план.

„Земјотрес во Скопје удира токму во миговите кога луѓето ќе го изумат чувството за заедништво. Кога ќе снема минимален заеднички интерес, кога моралот не е веќе во мода. (…) Генерациите, музичките стилови, па и идеалите се менуваат, но алтернативната културна понуда е есенцијална за поттикнување на духот на новите, се’ побројни сограѓани со пософистицирани естетски потреби“, велат организаторите на настанот, кој имаше одлична посетеност.

Читај повеќе

Last expedition во „Мезанин“ 136

За жал, според најавата/одјавата, „експедицијата“ го одржа нивниот последен концерт. Вечерва им посветуваме простор на музичките херои од 90-те 😉

Читај повеќе