Таг архива: ИЛИ-ИЛИ

Реиздание на „Ветрилиште“

Се радувам што денес од печат излезе второто издание на „Ветрилиште“, откако последниот примерок од првото издание од ноември 2024 година се продаде неодамна. За разлика од оригиналното издание, кое беше јубилејна десетта објавена книга, па си доби тврд повез и внатрешно шиење за да биде незаборавна, овој пат романот е објавен во мек повез во едицијата „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ под редниот број 247.

Читај повеќе

„Ништо нормално“ од Симона Јованоска

Денеска од печат излегува новата книга од Симона Јованоска насловена „Ништо нормално“, како 246 издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ. По дебито „Ги најдов во длабокото“ (2015), ова е втора збирка со раскази на авторката, откако во меѓувреме објави и два романи, „Денот на црвот“ (2021) и „Леска Брезоска“ (2024).

Читај повеќе

Нови изненадувања за нови поколенија

Поговор кон реизданието на „Писма“ од Игор Исаковски (ИЛИ-ИЛИ, 2026)

Почетокот на последната деценија во 20 век беше катарзичен. Истовремено финишираа 80-те години, кои за многумина на овие, регионални простори беа „рајот на земјата“, со една од најсилните европски музички сцени и генерално безгрижното живеење и патување со црвениот пасош каде и да ви текне, а започнуваа крвавите 90-ти години на Балканот кои ќе го ослободат притаеното зло и за кои, од оваа дистанца, знаеме како ќе завршат – со илјадници невини жртви. Како увертира на босанската приказна, во 1989 година на телевиските екрани, во живо, ја следевме автентичната романска револуција низ улиците на Букурешт, додека во Берлин се рушеше ѕидот како најава на почетокот на крајот на неколкудецениската блоковска „студена војна“ меѓу Истокот и Западот.

Читај повеќе

Реиздание на „Писма“ од Игор Исаковски

Почитувани,

Со радост го најавувам реизданието на „Писма“, првата прозна објава на Игор Исаковски од 1991 година, книгата која е една од главните „виновници“ да почнам и да продолжам да пишувам. „Писма“ и понатаму останува најскопската книга што сум ја прочитал досега.

Читај повеќе

„108×108“ на Весна Крмпотиќ

Не знам дали знаете, но на полиците во „ИЛИ-ИЛИ“ може да се најде примерок од официјално најголемата стихозбирка во светот. Се работи за поетската книга „108×108“ на славната писателка и преведувачка Весна Крмпотиќ, објавена од загрепскиот издавач „Профил интернационал“ во 2006 година во тираж од 1000 примероци.

Читај повеќе

„Reč i misao“ и „Атлас“. За важноста на издавачките едиции.

Минатиот месец во Музејот на современа уметност во Белград беше изложено делото насловено „Reč i misao. Velika apstraktna slika“ на уметницата Ирена Лагатор Пејовиќ, кое предизвика голем интерес кај посетителите. Интерактивната инсталација ги вклучува сите книги во култната едиција „Збор и мисла“ на издавачката куќа „Рад“, за која на шега се велеше дека доколку си ги прочитал сите изданија, или барем поголемиот дел од нив, тогаш тоа е сосема доволно за добивање на статусот „интелектуалец“.

Читај повеќе

„Градинарот и смртта“ од Георги Господинов

Книга на годината во Полска според „Gazeta Wyborcza“, книга на годината во Германија според „SWR“, и уште безброј успешни преводи, промоции и рецензии ширум светот во текот на 2025 година… „Градинарот и смртта“ од Георги Господинов, една од најзабележителните објави која веќе фигурира на листите на најуспешни прозни дела за 2025 година, конечно, и на македонски јазик, во превод на Душко Крстевски. Од денес достапна и за домашните читатели во издание, се рабира, на „Или-Или“.

Читај повеќе

Романите на Дарко Цвијетиќ во едицијата „ПРОаЗА“

Вчера оние што се’ уште го чувствуваат 29 ноември за близок го прославија на соодветен начин, а веќе утре од печат ќе излезат два многу битни романи за регионот на некогашна Југославија, и обата од авторот Дарко Цвијетиќ, кој неодамна за „Шиндлеровиот лифт“ во Вроцлав ја доби престижната награда „Ангелус“ за најдобра книга на автор од централно-европското подрачје. „Лифтот…“ е во превод на Елизабета Баковска, а „Зошто наземи спиеш“ на Калина Буневска Исаковска. Актуелниот роман „Премногу ми е тоа. Осум девојчиња“, кој ја заокружува неформалната трилогија, „ИЛИ-ИЛИ“ ќе го објави следната година.

Читај повеќе

„Илина и тајните на Бабин заб“ од Хана Корнети

Како втор дел од најавената трилогија, денес од печат излезе „Илина и тајните на Бабин заб“ од Хана Корнети, во едицијата за деца и млади „И ете приказна“ на издавачката куќа „ИЛИ-ИЛИ“. Авантурите на шармантната Илина и во овој дел продолжуваат да се развиваат во различни насоки, носејќи возбуда и неизвесност за читателите.

Читај повеќе

„Ноември“… збор ил два…

Денеска од печат излезе мојата прва стихозбирка насловена “Ноември”. Месецот кој е меѓник меѓу присутната есен и надоаѓачката зима, исполнет со меланхолија. А ако нема добра доза на меланхолија – нема ниту добра поезија.

Се радувам што по минатогодишното објавување на романот “Ветрилиште” на истиот, роденденски датум, повторно честам книга. Во продолжение следи потребата да објаснам зошто се одлучив да станам поет на „50+“ 🙂

Читај повеќе