Вчера од печат излезе книгата „Втора филипика“ од Кикерон, во превод од латински на македонски јазик на Светлана Кочовска Стевовиќ. Ова е трето издание во едицијата „Арго“ на ИЛИ-ИЛИ, по „Вистинска приказна“ на Лукијан од Самосата и „Медеја“ од Сенека.
Доктор Тони Ќосев е ценет професионалец од Струмица, љубител на уметностите, и пред се’, пасиониран читател. Како редовен впивач на изданијата на ИЛИ-ИЛИ, тој одвои време и напиша осврт кон новата збирка раскази „Двојна експозиција“, која ја пренесувам во целост. Голема благодарност!!!
Благородна Димовска-Буџакоска е една од оние рафинирани читателки кои искрено посакуваш да ти го прочитаат ракописот. Еве ја нејзината перцепција за „Двојна експозиција“. Голема благодарност
Најновото издание од ИЛИ-ИЛИ е нешто што најмногу не’ радува: новиот ракопис од германскиот плетач на приказни, Бернхард Шлинк, повторно во превод на Ксенија Чочкова.
„Тупаници“ е прекрасна книга составена од три новели, во која се зборува за она што во англиската литература се карактеризира како „coming of age“. Пјетро Гроси беше наш и Ваш гостин во саботата на промоцијата на неговата преведувана книга која читателите од пред неколку месеци можат да ја читаат и на македонски јазик, во превод на Катерина Сотирова.
Збирката раскази „Еврејска работа“ ИЛИ-ИЛИ ја издаде пред неколку месеци, а токму овој август, гостин во Скопје ни беше полскиот автор чие дебитантско дело предизвика бура од реакции не само во матичната земја, туку насекаде каде што досега е преведено и издадено.
Драги пријатели, со задоволство го најавувам излегувањето на мојата нова прозна книга, збирката раскази “Двојна експозиција”. Овие приказни одамна ги носев во себе, дел од нив имаа потенцијал за роман, но сепак се одлучив за компактна збирка раскази, во која низ 12-те приказни раскажувам за растењето, созревањето, бизарноста, кризата на средните години и умирањето. Некако чувствувам дека ќе ви се допаднат, зашто ги напишав со кеиф и од срце Се гледаме од денес во книжарница… но пред тоа, да видиме што вели издавачката куќа
За сите љубители на пишаниот збор, информација дека периодов во ИЛИ-ИЛИ бевме прилично активни на издавачки план, и во краток период на читателите им „подаривме“ дури четири нови возбудливи книги. Две од нив се дебитантски дела од домашни автори, а две се преводна литература. Одиме по ред со нивното претставување 😉
„Она што кај сопствените деца го гледам како нивен најголем страв е дека ќе бидат исклучени од околината, па макар тоа било преку „булинг“, задевање или потсмев. Тоа е она од што најмногу се плашат. Ова е еден мошне дамнешен страв кај човековите битија, кои доколку заостанат зад племето, разните животни-грабливци ќе ги стигнат и ќе ги растргнат. Поради тоа човекот претендира да се претопи со околината. Но што да правиме со оние деца кои имаат поинаков темперамент, поинакви замисли и потреби?“