Таг архива: колева

Книжевни импресии за „Шрапнел“

Поминаа осум месеци од излегувањето на „Шрапнел“, а како да помина цела вечност. Ќе се памети како роман во време на пандемија, или, пандемичен роман Минатиот месец „Шрапнел“ влезе во финалето за „Рациновото признание“, а претседателката на жирито, Катица Ќулавковва, на конференцијата за новинарите, набројувајќи ги финалистите, истакна „…и Игор Анѓелков, кој блеснува со еден прекрасен роман…“. Еве дел од импресиите на книжевните критичар(к)и и читателите во овој период, на кои сум им бескрајно благодарен за одвоеното време да ја прочитаат и да напишат нешто за неа:

Читај повеќе

„Ти, моја, безмилосна една!“ од Цветанка Колева

Осмата книга во едицијата „Поеза“ на ИЛИ-ИЛИ му припадна на новиот поетски ракопис на Цветанка Колева со интригантен наслов „Ти, моја, безмилосна една!“. Во предговорот на збирката, авторката пишува: „Помеѓу овие страници има преживеани записи од осум зими и деветта пролет. Три жени: Снежана Стојчевска, Љупка Антеска и Габриела Стојаноска-Станоеска, го поттикнаа во мене создавањето на „Ти, моја, безмилосна една!“ на суптилен, пријателски, женски начин. Им благодарам“.

Читај повеќе