Таг архива: мареј

Вистински модел за авторски филм

Кон „Границите на контрола“ на Џим Џармуш

Најтешката работа во процесот на реализација на еден авторски филм е барањето пари по разни канали. Тоа уште на почетокот на кариерата го констатираше американскиот инди-режисер Џим Џармуш, кој, и покрај завидната филмографија, се’ уште мака мачи кога станува збор за заокружување на финансиската конструкција на секое негово следно дело. Но, вака-така, човекот се снаоѓа! Во новиот филм во игра влегоа Јапонците, кои пред 20 години го поддржаа и „Мистериозниот воз“, а нешто слично како и Вуди Ален со „Вики Кристина Барселона“, и Џармуш реши да снима во потентната Шпанија, но сликајќи ја од сосема поинаков агол.

Читај повеќе

Кон „Скршени цвеќиња“ на Џим Џармуш

Вообичаената практика на Џим Џармуш во неговата филмска кариера е да снима филмови со пауза од три до четири години. Откако во претходните две децении докажа дека е автентичен автор пар-екселанс, тој најавува дека следните години ќе снима многу повеќе наслови и многу побргу од вообичаеното. Сите ние искрено се надеваме на тоа, а „Скршени цвеќиња“ е само едно мало навестување на таквата намера и концепција.

Читај повеќе

Кон „Murray street“ на Sonic youth

До пред неколку години, кога ќе излезеше нов албум од работилницата на Соник јут, тие фигурираа на насловните страници на речиси секој релевантен музички магазин во светот. Меѓутоа, денес работите не стојат така. И со право. Не дека тие не прават веќе добри албуми, напротив. Разликата е во тоа што нивните последни изданија не ги покажаа формулата и начинот на кој овој голем бенд на алтернативниот и експерименталниот рок ќе замине во вечноста, а на фановите, на оние исклучиво посветените, им останува само мирно и спокојно да го апсорбираат секое нивно ново парче музика, кое е дел од придобивките на долгата дваесет-и-нешто-годишна сонична авантура.

Читај повеќе