Во осмото издание на меѓупросторот на Радио Равел, легендарните Пинк Флојд, но и нивната модерна реплика. Стиснете плеј за да дознаете за што се работи 😉

Во осмото издание на меѓупросторот на Радио Равел, легендарните Пинк Флојд, но и нивната модерна реплика. Стиснете плеј за да дознаете за што се работи 😉
Вечерашното седмо издание на „Мезанин“ се падна на 08 март, па затоа комплетно е посветено на женските вокали во современата музика. Една од нив е и вокалистката на бендот „Мази стар“, прекрасната Хоуп Сандовал, која е само еден мал дел од звукот во веќерашниот меѓупростор на Радио Равел.
Лу Рид и Џон Кејл му посветија прекрасен албум на нивниот продуцент, мецена и пред се’ пријател Енди Ворхол, насловен „Songs for Drella“, како шт бил и неговиот надимак. Со нив го отвораме вечерашниот шести „Мезанин“, кој наидува на одличен прием кај слушателите.
Вечерва ориентирани кон американската инди сцена, па освен хероите „Пејвмент“, ги слушаме и Ред хаус пеинтерс, Американ мјузик клаб и други изненадувања 😉
И не само Тиндерстикс, во четвртото издание на меѓупросторот на Радио Равел слушаме еден куп актуелни квалитетни музики. Стисни плеј на емисијата подолу 😉
Новиот музички магазин на 96-иот мегахерц започна со две теми од Велвет андреграунд, достоен старт за музичка емисија која шест години ќе зрачи со квалитетна музика во етерот над Скопје.