„Вонземјанки“ од Влада Урошевиќ

Денес од печат излезе новата збирка раскази од Влада Урошевиќ насловена „Вонземјанки“, со поднаслов „Раскази од латинскиот кварт“. Ова е 221 издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ. Воедно, вечерва во 20 часот во киното „Фросина“ во МКЦ истата ќе биде претставена пред читателската публика. Промотор ќе биде Гоце Смилевски.

„Расказите од книгата „Вонземјанки“ ни покажуваат колку е важен не само градот во кој се пишува, туку и градот за кој се пишува; Влада Урошевиќ во Париз ја наоѓа и логиката и отвореноста кон подрачјата каде логичките закони не важат, или, попрецизно – каде што важи една поинаква логика, логика на невозможното. Низ тоа претставување на една полицентрична стварност, составенa од повеќе планови, понекогаш комплементарни, другпат спротивставени едни на други, кои ни овозможуваат да погледнеме на дејствијата и ликовите од различни точки, честопати со ефект сроден на мултиплицираните перспективи од делата на Ешер, Влада Урошевиќ со своите дванаесет раскази од збирката „Вонземјанки“ успева да оствари маестрална проза“, пишува Смилевски во поговорот кон книгата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *