Таг архива: фудбал

Чувството на победа и радост, но и на пораз и тага во спортот, како драгоцени животни искуства

„Чуден начин на додавање, силно и никому.“
Звонко Михајловски, спортски коментатор

Времето е облачно, со овде-онде понекој сончев зрак. Рана пролет, 13 април 1983 година. Градскиот стадион во Скопје е подготвен да ги прими сите љубители на фудбалот, кои дојдоа да го проследат натпреварот од 24 коло на Првата југословенска фудбалска лига помеѓу Вардар и Осиек. Иако навивавме за белградски Партизан, го сакавме и го поддржувавме и Вардар како наш, локален клуб, кој таа година, според дотогашниот развој на настаните, гледаше да заврши таму некаде, на средината од табелата, без амбиции за европските купови, но и без страв од испаѓање, бидејќи од претходната година на повидок беше една нова, интересна генерација, која во комбинација со „старите волци“, не би требало да има проблем со послабите од себе. А со подобрите, оние од големата четворка: Црвена звезда, Динамо, Хајдук, Партизан? Па, во Скопје секогаш беа можни изненадувања. Ќе видиме.

Читај повеќе

Спортско ретро интермецо (Пољуд, Хајдук)

Да си во Сплит, а да не го посетиш Пољуд, храмот на Хајдук, или сплитските „били“, иако е сезонска пауза, навистина е грев. Стадионот кој асоцира на школка со отворен поглед кон морето над јужната трибина, изграден за потребите на Медитеранските игри во 1979 година, долги години беше најубавиот европски, па и светски стадион, чудо на архитектурата, со кровна конструкција која се држи самата, без додатни столбови.

Читај повеќе

Животот (не) е топка

ФУДБАЛ НА ГОЛЕМОТО ПЛАТНО

Отсекогаш Светското првенство во фудбал било и ќе биде настан број еден во тековната година. Неговата планетарна популарност оваа година умешно ја искористија и филмаџиите за да ги „протнат“ своите приказни до колку што е можно поширок круг на публика. И ако за филмот „Обединети страсти“ може да се посомневаме дека е „нарачан“ проект, тогаш документарецот „Ова не е топка“ ни ги проширува видиците во однос на „најважната споредна работа на светот“  Читај повеќе