Уште еден од филмовите зад кои се крена голема медиумска прашина уште откако започна со снимањето беше „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, кој по сцените во Охрид и во Битола се стационираше во Хавзи-пашините конаци во Бардовци, кои станаа вистинска филмска Мека за домашните филмаџии.
Читај повеќе
Таг архива: полувреме
Еден човек + два филма = задоволство на квадрат
Интервју со Роберт Насков, продуцент
„Трето полувреме” на Дарко Митревски, кој минатиот и овој месец е актуелен во домашните кино сали, и „Балканот не е мртов” на Александар Поповски, чија премиера ја очекуваме наскоро, на најдобар можен начин го обележуваат крајот на оваа филмска 2012 година во домашни рамки. Човекот кој стои и зад двата проекта е Роберт Насков од “Кино око”, кој ги продуцираше филмовите за краток временски период, со што влезе во историјата на новата македонска кинематографија како единствен на кому му успеало во иста година, на плеќи, да износи две целовечерни остварувања
„Трето полувреме“ на Дарко Митревски
Еден од филмовите зад кој се крена голема медиумска прашина уште откако започна со снимањето беше „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, кој по сцените во Охрид и Битола се стационираше и во Бардовци. Пред неколку години, режисерот Иво Трајков во Хавзи-пашините конаци го сними поголемиот дел од екранизацијата на познатиот роман на Живко Чинго, „Големата вода“, а во 2011 година прекрасниот простор го инспирираше и режисерот Дарко Митревски токму овде да ги сними клучните, фудбалски сцени од неговиот најнов проект. Кога веќе Министерството за култура не успеа од овој историски објект да направи вистински споменик на културата (едно време се споменуваше и изградба на ателјеа за македонските уметници), тогаш барем се користи за снимање филмови.


