Таг архива: хомо

Кон „Хомо“ на Игор Иванов

По „Превртено“ (2007) и „Соба со пијано“ (2013), Игор Иванов го реализирше својот трет долгометражен филм насловен едноставно „Хомо“, или „Човек“, овој пат сценаристички во соработка со Сашо Кокаланов. На крајот од проекцијата станува очигледно  дека режисерот ја пресликал, или подобро, ја повторил формулата од неговото претходно остварување, секако, полирајќи и надградувајќи ја со одредени нијанси. „Соба со пијано“ беше студија на епизодни карактери, каде речиси и да нема постојан главен лик, освен собарката. „Хомо“ е студија на епизодни карактери каде речиси и да нема постојан главен лик, освен адвокатот. И обата филма се обидуваат да медитираат со мантрата дека современиот човек е отиден кадешто не треба, дека урбаното битие е изгубено во потрагата по љубов и слобода и функционира само со помош на респиратори, што е одамна апсолвирана вистина. Homo homini lupus est.

Читај повеќе