Понудата на единаесеттото издание на скопскиот филмски фестивал „Синедејс“ во вечерашниот филмски магазин.

Понудата на единаесеттото издание на скопскиот филмски фестивал „Синедејс“ во вечерашниот филмски магазин.
Гостинка во вечерашниот магазин е директорката на Кинотеката на Македонија, со која разговараме за сите активности на оваа наша институција.
Уште еден од филмовите зад кои се крена голема медиумска прашина уште откако започна со снимањето беше „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, кој по сцените во Охрид и во Битола се стационираше во Хавзи-пашините конаци во Бардовци, кои станаа вистинска филмска Мека за домашните филмаџии. Читај повеќе
Интервју со Роберт Насков, продуцент
„Трето полувреме” на Дарко Митревски, кој минатиот и овој месец е актуелен во домашните кино сали, и „Балканот не е мртов” на Александар Поповски, чија премиера ја очекуваме наскоро, на најдобар можен начин го обележуваат крајот на оваа филмска 2012 година во домашни рамки. Човекот кој стои и зад двата проекта е Роберт Насков од “Кино око”, кој ги продуцираше филмовите за краток временски период, со што влезе во историјата на новата македонска кинематографија како единствен на кому му успеало во иста година, на плеќи, да износи две целовечерни остварувања