Сè уште добро се сеќавам на една трибина во организација на тогаш Филмскиот фонд, која се одржа во Кинотеката, на која бев и активен соговорник, а на која учествуваше и Антонио Митриќески. Тој тогаш отворено се пожали дека долго време конкурира со квалитетно сценарио потпишано од еден Гордан Михиќ, но Фондот никако да го поддржи. Година ил две подоцна Митриќески доби зелено светло за реализација на овој проект и веќе се наоѓаме во предвечерјето на снимањето на филмот, на конференција за новинарите во Форца, на која дел од изјавите се директно земени, а дел од нив се од пресот.
Архива за месец: септември 2014
Даријан Пејовски во „Филмополис“ 501
Во ова издание на магазинот ја проследивме првата клапа на деби филмот „Три дена во септември“ на Даријан Пејовски, како и лауреатите на 35 издание на „Браќа Манаки“.
Читај повеќеПрва клапа на „ТРИ ДЕНА ВО СЕПТЕМВРИ“ на Даријан Пејовски
Утрово на железничката станица во Драчево се случи првата клапа на новиот целовечерен македонски филм, „Три дена во септември“. Филмот е играно деби на режисерот Даријан Пејовски, кого го паметиме по кратките остварувања од изминатите години како „Соба 409“ и делот насловен „Опера“ од омнибусот „Скопје ремикс“.
Даријан Пејовски: Ова е идеја што ја имав од порано. Решивме да напишеме сценарио и тоа некогаш да биде мојот прв дебитантски филм. Со Изи имаме сличен сензибилитет и беше предизвик да седнеме и да направиме еден ваков мал, камерен, се надевам напнат филм. И си реков, е па ваков филм и јас би сакал да гледам од некој дебитант.
Легендарната „Француска кинотека“ во јубилејниот „Филмополис“ 500
Лека-полека стигнавме и до една фина бројка, 500-тата филмска емисија, која како што доликува, ја посветивме на легендарната „Француска Кинотека“ во Париз, која бевме во можност да ја посетиме во летото 2012 година.
Читај повеќе„До балчак“ на Столе Попов
Современата епопеја насловена „До балчак“ започнавме да ја третираме во магазинот уште во „Филмополис“ број 394, кога со еден пристоен текст направивме посвета на снимањето на филмот што се одвиваше во Западна Македонија, поради што и не бевме присутни на самото снимање. Текстот одеше вака:
„Новиот македонски филмски проект – долгометражниот игран филм „До балчак – Приказна од дивиот исток“ во режија на Столе Попов и по сценарио на Горан Стефановски, започна со снимање во продукција на „Триангл филм“, во копродукција со „Сектор филм“, „FX3X“ и Македонската радио-телевизија. Проектот е поддржан и финансиран од Владата и од Филмскиот фонд на РМ во програмата за проекти од национален интерес, откако со години не успеа да најде странски копродуцент. Снимањето на филмот го помагаат и министерствата при Владата на Република Македонија, МПЦ – Преспанско-пелагониската и Дебарско-кичевската епархија, „Македонски железници“ и локалните градски самоуправи.
Жилиет Бинош в Битола
Славната француска актерка како еден од лауреатите на 35. „Браќа Манаки“.
Читај повеќеОтворање на 35. Фестивал „Браќа Манаки“
Извештај за програмата на новото издание на Фестивалот на филмска камера во Битола.
Читај повеќеДобрите скопски фраери
За романот „Фото синтеза“ од Игор Анѓелков (ИЛИ-ИЛИ, 2013)
пишува: Роберт Алаѓозовски
Игор Анѓелков (1974), кого, пред се’, го знаеме како филмски новинар и критичар, дискретно се издвои како ново квалитетно перо на урбаната проза. Од 2003 година, тој веќе 11 години е автор и уредник на филмскиот магазин “Филмополис” на ТВ Телма, единствената актуелна емисија во македонскиот етер што се занимава со седмата уметност. Паралелно на овој ангажман, ненаметливо, преку збирката раскази “Кротки приказни” (2006) и романот “Крај-пат” (2010) до најновата новела “Фото синтеза”, тој успеа да изгради стил и јазик на кој можат да му позавидат многу понаградувани, но во поетичка смисла, понедоделкани автори.
71. Венециска Мостра во „Филмополис“ 498
Со големо задоволство ја посетив магичната Венеција која ми послужи како одлична сценографија за најавување на содржините на актуелното издание на најстариот филмски фестивал во светот, Венециската „Мостра“.
Читај повеќеЛауреати на 71 Венециска Мостра
Носителите на „лавовите“ на 71 издание на филмскиот фестивал во Венеција.
Читај повеќе