Архива за месец: јануари 2023

„Зашеметен“ од Лукас Берфус

Деновиве излезе нов наслов во популарната едиција „ПРОаЗА“ на ИЛИ-ИЛИ. По издавањето на неговиот деби роман „Сто дена“ во 2011 година, делото на Лукас Берфус повторно пред македонските читатели, благодарение на преводот од германски на македонски јазик на Ксенија Чочкова. Овој наградуван швајцарски писател не престанува да ја воодушевува европската публика со своите драми, романи, есеи… Неговите драми се играат насекаде низ светот, а романите му се преведени на повеќе од дваесет јазици. Со „Зашеметен“ беше финалист за Наградата за најдобар роман на Лајпцишкиот саем на книгата.

Читај повеќе

Кон „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска

До неодамна, омилената адреса на сестрите и брат Митевски беше Берлиналето. Откако во 2019 година со „Господ постои, името и’ е Петрунија“ конечно влегоа и во главната фестивалска селекција, тие со своето актуелно остварување решија да бидат дел од најстариот филмски фестивал во светот, Венециската Мостра. По премиерата на „Најсреќниот човек на светот“ во селекцијата „Хоризонти“, а веднаш потоа и учеството на исто така престижниот филмски фестивал во Торонто, македонската премиера на филмот на режисерката Теона Стругар Митевска се случи на 27 октомври во киното „Милениум“. Во очекување на редовното прикажување на ова целовечерно осварување во наредниот период, решив освртот да го оставам токму во деновите кога тој ќе биде дел од репертоарот на домашните кина. Конечно, во следните денови домашната публика ќе може да го погледне филмот во неколку кинотечни термини. Иако помина прилично време од премиерата, белешките се тука, впечатоците се малку избледени, но не и заборавени, и во следните редови ќе се обидам да проникнам зошто Митевска во своето шесто целовечерно остварување решила да ги третира траумите од босанската војна во последната декада од минатиот век.   

Читај повеќе

Шапкар Перо

Секогаш кога шетам низ чаршијата, поминувам крај „Шапкар Перо“. Ова дуќанче во златарската улица морам да го ѕирнам, фрлајќи поглед врз актуелната понуда, особено откако во последниве години лете-зиме носам качкет.

Читај повеќе

Смешната страна на животот

Велат дека ако во едно општество не е развиен хуморот и потсмевањето со самите себе, тогаш не ја бива работата. Карикатурата ја врши токму таа функција – огледало во кое се гледаме сите ние, собрани во едно трло и водени од „демократијата“. Порано во весниците една од редовните рубрики беше резервирана токму за карикатуристите. На тој начин се прославил и американскиот илустратор Гери Ларсон, еден од моите омилени поради фантастичниот и прониклив хумор кој ни го дава само во еден цртеж, проследен со минимален коментар. На фан страната на Фејсбук насловена „The Far side“ (според неговата истоимена книга) може да се најдат еден куп генијални карикатури не само од Ларсон, туку и од неговите колеги Марк Паризи, Дејв Блажек…), кои, се надевам, слатко ќе ве изнасмеат. Ова е мојот избор 😉

Читај повеќе

Кон „Аватар 2: Патот на водата“

Пред некој ден, при случајна средба, еден познаник со кој не сме се виделе одамна, по вообичаените „како-си-шо-праиш“, не’ фати онаа мала, непријатна тишина кога не знаеш како да продолжиш понатаму, и во моментите кога веќе се немаше каде, тој како од пушка го исфрли прашањето: „Што мислиш, кои филмови годинава ќе добијат Оскари?“ Ме фати сосема неподготвен и затечен, и решив, како и секогаш, да ја кажам вистината, и само вистината: „Јас одамна не следам што се случува со Оскарите“. Тој ме погледна, заниша со главата горе-долу во знак на одобрение, и констатираше: „Аааа, ти си по оние Кан-ман, Берлин, Венеција…“ Слатко се изнасмеавме, се поздравивме и се разделивме, оставајќи ме попат да заклучам дека навистина во последниот период  многу повеќе ја следев и третирав седмата уметност која не беше произведена во холивудските студија. Впрочем, како и во најголем број од случаите откако 25 години се занимавам со филмска критика. Но, секогаш постои она „со чест на исклучоците“, а во случајов тоа е вториот дел од филмскиот спектакл на Џејмс Камерон насловен „Аватар: Патот на водата“.

Читај повеќе

Домашна ЛП колекција

Купувам плочи уште од крајот на основното училиште. Плочарите на Југотон во ГТЦ и карши кината Вардар навистина беа магични места. Потоа отвори Баги шоп во Мавровка, па уште пар места низ градов каде можеа да се најдат и плочи на старо. Потоа винилот го замени компакт дискот. По долга апстиненција, во годиниве наназад „црното злато“ повторно е во мода. Сега имаме еден куп места каде можеме да се подновиме, но добро функционираат и нарачките од странство. Тоа ми беше одлична можност да се вратам на овој омилен „спорт“ од младоста, и на некој начин, да си ја „прочистам“ колекцијата со плочи и да ги имам само оние кои навистина ми значеле во одреден период од животот. На крајот, еве, решив мојата скромна ЛП колекција да ја направам јавна, и како ќе си се освежам со нешто ново, веднаш ќе ја дополнам листата. Се надевам дека ќе ви изгледа инспиративно и ќе ве потсети на некои албуми кои можеби сте ги подзаборавиле. Или, едноставно, опуштете се и чувствувајте се како на изложба на прекрасен дизајн на насловни ЛП обвивки. So, Ladies and gentleman, Welcome to my LP world!

Читај повеќе

Кротка постновогодишна приказна

Знаев дека не требаше да го исчистам оџакот. Кон крајот на (веќе) минатата година не посакав никаков подарок, и мислев дека ќе си бидам раат на првиот ден од новата година, но утрово тој веќе беше влезен во дневна, си се распослал на масата, мрцнал од „руската“ и, секако, веднаш ми побара и ракиичка. Оф, а јас се’ уште мамурен од ноќеска. Јбг.

Читај повеќе